Бројот на загинати во Индија се искачи на 36 како последица на стампедото што во неделата се случи на најголемиот верски собир на светот во градот Алахабад, на брегот на реката Ганг, каде се собраа неколку милиони лица.Директорот на медицинските служби во Алахабад во понеделникот наутро потврди дека загинале 36 лица, односно дека 14 дополнително им подлегнале на повредите.Метежот настанал на крајот од денот во чиј тек повеќе од 30 милиони аџии, што е досега рекорден број, се искапаа во светата река Ганг за „да се измијат од гревовите”, соопштија индиските власти.„Луѓето се одморале на оградите кои не го издржаа притисокот и потпорките попуштиле”, изјави за AFP Асок Шарма, портпаролот на владата на сојузната индиска држава Утар Прадеш, каде се наоѓа светилиштето Алахабад. Семејствата на жртвите го обвинија полцијата дела предизвикала паника и така ја предизвикала несреќата.Празнувањето на Кумб Мел кое започна на 14-ти јануари и завршува на почетокот од март, се одржува во градот Алахабад на секои 12 години и трае 55 денови, а за тоа време се доаѓаат стотици милиони хиндуси, што ова празнување го прави најголемиот собир на светот.
МакфаксБројот на загинати во Индија се искачи на 36 како последица на стампедото што во неделата се случи на најголемиот верски собир на светот во г