Божикното патување заврши со трагична смрт за целото семејство

Божикните празници на едно тричлено семејство завршија со трагична смрт на тројцата. Брачната двојка, која славела 14 години среќен брак, решила заедно со својата ќерка да ги помине празниците во Јужна Африка, но патувањето заврши со огромна трагедија. 

Имено, несреќата се случила кога тие шетајќи се покрај водопадите сакале да поминат преку нивниот врв. Држејќи се за раце, нагло започнале да се лизгаат и паднале од водопадот висок 30 метри и се удриле директно во карпите.

Спасувачките екипи ги барале неколку часа, а по пронаоѓањето само констатирале смрт кај тројцата членови на семејството.

Според вработените во хотелот ова било едно многу одговорно и среќно семејство кое уживало во својот одмор.

Местото на трагедијата е едно од најпосетените во Јужна Африка и секогаш e преполно со туристи.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: