Напаѓач вооружен со огнено оружје уби седуммина и рани уште шест луѓе во населба недалеку од Манила на Филипините, јави Associated Press.
Напаѓачот е убиен во размена на оган со полицијата, а локален лекар изјавил дека напаѓачот идентификуван како Роналд Би во пијана состојба почнал неконтролирано да пука во градот Кавит.
Лекарот соопштил и дека човекот неодамна се развел од сопругата.
Би убил една бремена жена и седумгодишно девојче, соопшти полицијата, додавајќи дека трага по човекот кој му помогнал да го наполни оружјето.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: