Синот на сопственикот на ЛА Клиперс најден мртов

Синот на сопственикот на ЛА Клиперс, Доналд Стерлинг најден е мртов во својот дом во Малибу, а најверојатно причина за смртта е предозирање со наркотици, соопштија службите.

Телото на 32-годишниот Скот Ешли Стерлинг најдено е нешто по 11.30 часот, во вторник.
Доналд Стерлинг (77), милијардер кој работи со недвижности и кој го купи кошаркарскиот тим во 191 година, и неговата сопруга Шели, објавија изјава во која се заблагодаруваат на пријателите за сочувството, при тоа побараа приватност, велејќи дека нивниот син бил дијабетичар.
„Нашиот син Скот, долго време се бореше против агресивниот дијабет од типот 1. Неговата смрт е страшна трагедија, а ефектите од ова ќе ги чувствуваме уште долго во семејството, но и сите оние кои го знаеја“, стои во изјавата.
Смртта на Скот фрли сенка на успехот на кошаркарскиот клуб Клиперс, кои победува во 17 меча по ред.
„Сите наши мисли и молитви одат кон семејството Стерлинг вечерва’, рече тренерот Вини Дел Негро.
Претседателот на клубот, Енди Росер во својата изјава вели дека Скопт бил пријател на многумина од клубот, а дека сега ќе им недостасува.
Смртта на Скот била потврдена откако негов другар се јавил во полиција, затоа што неколку дена Скот не му се јавил и не му одговарал на повиците.
Полицијата заедно со брзата помош стигнале до куќата и ја утврдиле смртта.
Според полицијата, смртта настапила од предозирање, но аутопсијата треба да ги покаже вистинските причини.
Во 1999 година, 19-годишниот Стерлинг беше уапсен поради тоа што пукаше во свој другар со пушка. Филип Шид беше погоден во нозете, наводно поради расправија, а тој самиот изјави дека Скот го погодил од назад, додека овој бегал.
Стерлинг пак, во своја одбрана рече дека пукал во самоодбрана, затоа што Филип извадил нож со кој му се заканувал.

Пронајдете не на следниве мрежи: