Австриските граничари спречија шверц на 18 тони чоколада

Уште еден случај на обид за кражба и шверц од големи размери во австриската прехранбена индустрија е спречен во петокот, кога тамошната царинска служба заплениlа 18 тони чоколада, јавува во саботата Associated Press.

Претходно кон крајот на јуни годинава, австриската гранична полиција објави дека спречила шверц преку границата со Унгарија, на речиси 10 тони украден лук, а пред тоа, полицијата запленила  комбе со еден тон јагоди коишто крадците ги собраа преку ноќ на една од локалните фарми.
Овој пат, крадците  украле 33 контејнери со млечна чоколада. Тие фалсификувале документи за товарот и возачот, исто така со лажни документи, се обидел да го пренесе пленот во Чешка во приколка со словачки регистарски ознаки, но веќе искусните австриски граничари ја откриле измамата
Сé уште не е познато од каде крадците успеале да украдат толку големо количество чоколада.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: