Ако планирате секс, овие 15 работи подалеку од устата

Храната може да влијае на нашиот сексуален нагон во позитивна, но и во негативна смисла. Британската нутриционистка Елоиз Боскис во интервју за „Дејли меил“ предупредува дека пред секс мора да се внимава на тоа што го јадеме.
– Свежата храна, овошјето и зеленчукот ќе ви помогнат во подигнувањето на енергијата и расположението за љубов- вели Боскис.
Некои намирници, пак, делуваат како антиафродизијак, а доколку планирате акција вечерва, овие јадења треба да ги избегнете.
1. Сладок коренДобар за настинки и имунитет, како и за будење на сексуалната желба кај жените, но оваа лековита билка докажано го намалува нивото на тестостерон кај мажите, па повеќе смета отколку што помага за секс.
2. СирењеГо убива либидото бидејќи желудникот тешко го вари, што важи за сите млечни производи.
3. ГравМожеби ја зголемува енергијата, но за гасовите нема потреба да ви кажеме. Обавезно избегнување.
4. ЧоколадоОсвен она чоколадо со најмалку 70 проценти какао, кое го стимулира ослободувањето на хормонот на среќата, се останато само ќе ви пречи во сексот.
5. Хот-догСекоја преработена храна не прави тромави, а содржината на виршлите, пак, може да ги запуши артериите во половите органи.
6. ПеперминтИако често посегнуваме по него пред секс за посвежт здив, ментолот го намалува тестостеронот.
7. ТоникТоникот содржи кинин, кој повторно, влијае штетно врз тестостеронот.
8. ПомфритУште една преработена храна која што има висок гликемиски индекс, што значи декапредизвикува тешкотии во варењето и гадење, посебно ако е пржен во неколкупати искористено масло.
9. Црвено месоКај повеќето црвеното месо предизвикува проблеми со варењето и прави да се чувствувате летаргични.
10. ТофуСодржи фитоестрогени кои го снижуваат нивото на тестостерон. Не се препорачува.
11. Конзервирана хранаКонзервирана храна има ниска хранлива вредност и не дава енергија. Не е добра за вашата виталност, и сигурно не е ни за вашиот сексуален живот.
12. Црвено виноСе што е над една чаша, само ќе ве успие.
13. ОвесИако е исклучително здрав, може да предизвика гасови.
14. Енергетски пијалоциНа почетокот ќе ви ја подигне енергијата, но од вештачките засладувачи и бои подоцна ќе се чувствувате лошо.
15. БрокулаДобра за простатата и за хормоналната рамнотежа, па се препорачува често конзумирање, но не и кога планирате романтична вечер, бидејќи предизвикува многу гасови.
За крај, Боскис препорачува дека ако сакате да го подобрите вашиот сексуален живот, не заборавајте да го намалите внесувањето на сол, глутен и на транс-масните киселини, а јадете што повеќе босилек, ѓумбир, чили-пиперки и лук, зачини кои го зголемуваат производството на допамин. Уживајте!Храната може да влијае на нашиот сексуален нагон во позитивна, но и во негативна смисла. Британската нутриционистка Елоиз Боскис во интервју за &bd

Пронајдете не на следниве мрежи: