Неговиот однос со мајка му кажува многу и за иднината на вашата врска.Во еден разговор помеѓу 5 пријателки на оваа тема, едната направила еден вид мини истражување. Жените биле на возраст од 22 до 50 години, три од нив веќе мажени, а четвртата верена. Она што го добила како одговор од сите нив било многу поучно.
Првата: Доколку односот мајка – син е затегнат, вие нема да знаете како да се поставите
Очекував таа да биде како моите родители, но не беше. Таа не сакаше да вложи напор да дојде да нè посети или да го помине времето со нас. Ако го поминувавме времето со неа тоа беше исклучиво само затоа што ние одевме кај неа. Моите родители константно доаѓаа да нè посетат и обратно – тоа беше взаемно. Таа пак, секогаш го користеше изговорот како ние сме биле премногу зафатени и не можела да нè види. “
Ако тој не е воопшто близок со својата мајка тоа може да ја доведе интимата под прашање, на што треба да внимавате. Како и да е, ако му е барем малку грижа, но забележите дека грижата не е взаемна тогаш истото ќе треба и да му го посочите. Разбирајќи ги разликите помеѓу него и неговата мајка ќе го согледате нивниот однос, а врз основа на тоа и вие ќе го изградите односот со неа.
Втората: Треба да го потсетувате дека треба да се потпира на вашата поддршка, а не на мајка му
„Нему секогаш му е потребна нејзината поддршка. Тој би одел кај неа за сенешто, мала или голема одлука. И нема шанси да прерасне во маж, сè додека е толку приврзан со неа. “
Кога мажот ќе стапи во брак има нов приоритет: Неговата жена. Тоа е нов живот, со нова жена која го зазема централното место во неговиот свет. Во ред е да се советува со неговите родители, но кога тоа прераснува во многу повеќе од муабет со родителите, знаете дека не се работи само за совет. Тоа е зависност.
Потсетете го дека не е во брак со мајка му, туку со вас. Ако постојано му е потребна поддршката на мајка му, можно е никогаш да не ја побара вашата. Тоа е голем СТОП знак. Ако самиот не може да донесе одлука без нејзините посочувања, тогаш никогаш нема да прерасне во самостоен маж. Тој нема самодоверба, па мора за сè да се консултира со мајка му. Па, тоа е она кое што ќе го прави целиот свој живот. Како ќе му верувате на некој кој не си верува сам на себе?
Третата: Вие сте секогаш на второ место
Жената која ја започнала својата врска со вереникот уште во средно училиште и претходно забележала дека нејзиниот вереник кој е најстар од тројцата браќа е „мамино синче“.Тој бил приврзан со мајка му, но едноставно неговата вереница не сакала да дозволи тоа да го дефинира нејзиниот однос со него.
„Понекогаш си помислувам дека им се мешам во нивниот однос. Јас го сакам него, не неговата мајка и нема да дозволам таа да биде причината за нашето прекинување. Тешко е кога ќе сфатиш дека сè уште се бориш да ја имаш централната точка во животот на твојот сопруг и тоа не е поради него, туку поради неговата мајка. Па мојата тактика беше следнава: Колку повеќе време поминувам со неа толку помала закана ѝ претставувам. Па затоа и давам можност подобро да ме запознае и тоа ми се допаѓа.“
Четвртата: Очекува да сте како неа
„Тој е како бебенце по дома, а надвор вистински џентлмен. Нему му е потребно постојано некој да се грижи за него и претпоставувам дека тоа е поради мајка му. Навистина не мислам дека е мрзлив, добро можеби малку, но поради начинот на кој е научен од дома, очекува јас постојано да се грижам за него. А јас тоа го правам затоа што го сакам.“
Понекогаш треба да одлучите да ги прифатите неговите вообичаени навики онакви какви што се, затоа што тие се дел од неговото домашно воспитување. Нему постојано му е потребно некој да трчка позади него, тој не е сосем одговорен за неговите навики, затоа што и некој друг вложувал во нивното создавање, но е потполно одговорен за нивната промена. На вас е изборот дали ќе го одгледувате како да е бебе или ќе го седнете да му објасните дека немате намера да ги толерирате неговите мрзеливи навики, без разлика што правела мајка му во минатото. Одбегнувањето на ваквиот разговор ќе ви донесе само тензија во врската и сè ќе тргне по надолна линија.
Здравиот баланс на љубовта, почитта и дистанцата помеѓу мајката и синот е она кое ја прави добра врската. Односот со мајка му е важна и позитивна работа. Мајка му може да го направи подобар партнер за вас. Но, доколку почувствувате дека ве запоставува за сметка на мајка си, тогаш разговарајте со него. Бидете искрени со партнерот за своите чувства. Влијанието на мајка му е клучно, но мора да е суптилно.Во еден разговор помеѓу 5 пријателки на оваа тема, едната направила еден вид мини истражување. Жените биле на возраст од 22 до 50 години, три од ни