Не би претпоставиле: Еве кои работи мажите најпрво ги забележуваат на жените!

Првиот впечаток често е пресуден кога запознаваме некој, па жените се обидуваат да дадат се од себе за да го заинтригираат мажот кој им се допаѓа и да му го покажат она што сметаат дека е најважно. Сепак, се поставува прашањето дали жените ги нагласуваат вистинските работи.Иако сте уверени дека мажите на вас ги забележуваат само физичките атрибути, тоа не е точно во целост. Секако дека физичкиот изглед е важен, но одредени работи на кои мажите им придаваат важност ќе ве изненадат.
-Убава коса: Кога мажот најпрво ја здогледува жената, очите му застануваат на нејзиното лице, а по кратко проучување заклучува дали е привлечна. Но, некои мажи тој заклучок го донесуваат и гледајќи ја од страна, а пресудна за тоа е густата, сјајна и уредна коса.
-Правилно држење на телото: Мажите сакаат жената да изгледа убаво, привлечно и самоуверено, а нејзиниот став многу говори за тоа. Никој не сака да види згрбавена жена, па затоа држете ги главата и рамената високо.
-Нејзините пријатели: Ако тие се гласни и непристојни, тој се води по мотото: „Со кој се дружиш, таков си“, и ќе го претпостави истото за жената.
-Усните: Бакнувањето ослободува од стрес, па затоа не треба да зачудува што мажите ги забележуваат усните. За нив, пожелно е да изгледаат меки и сјајни.
-Работи што ги носите со себе: Ако носите голема торба преполна со шминка, оддавате впечаток на жена која се грижи за својот изглед, а жената која носи со себе книга е интересна и сака да учи.
-Насмевката: Ова е сосем јасно. На мажите веднаш им паѓа во очи кога жената е весела и насмеана. Но, внимавајте да изгледате природно и да не се смеете со сила.
-Високи потпетици: Не морате да ги носите секој ден, но сигурно дека мажите веднаш ќе ја забележат жената во високи потпетици. Тие ним им се посебно привлечни бидејќи симболизираат заводливост.

-Начинот на одење: Тој е многу важен бидејќи говори за самодовербата. Немојте да одите како по писта, туку одете како дама.
-Ставот кон нештата: Ставот веројатно е најважната нефизичка особина што мажите веднаш ја забележуваат и што им е многу важна. Девојката може да биде убава како божица, но ако има негативен став на мажите ќе им биде одбивна. Тие сакаат весели девојки со позитивен поглед на светот, што ако размислите, е сосем логично. Никој не сака да се дружи со некој кој постојано е негативен.
-Добри потези во танцот: Девојката која добро игра покажува дека добро се чувствува во сопствената кожа, дека е сигурна во себе и дека знае добро да се забавува. Затоа, уживајте во музиката бидејќи можеби некој од страна ве набљудува.
-Уникатен стил на облекување: На мажите повеќе им се допаѓаат жени кои носат интересна облека отколку оние кои носат парчиња што откриваат се. Ако сакате да ги привлечете мажите, немојте да се облекувате вулгарно, туку вложете напор облеката да биде во склад со вашиот карактер.
-Задник: Освен насмевката, секако дека мажите ги забележуваат и физичките особини, а жснскиот задник, се подразбира, им е многу интересен. Затоа, бидете интересна жена со облини.
-Стопала: Освен високите потпетици, мажите обраќаат големо внимание и на стопалата. Дали тие се глатки со уредни нокти? Затоа, допуштете си добар педикир за да носите сандали без грижа. Никој не сака да види испукани пети со неуредни нокти.
За крај, уште еднаш потсетуваме дека е најважно да бидете свои и природни. Имајте на ум дека тенка е линијата меѓу атрактивниот изглед и вулгарноста, убавината и претерувањето, искрената и лажната насмевка. Потребно е да се вложи труд и оригиналност за да сфатите каде е границата, а веруваме дека ќе се исплати.Иако сте уверени дека мажите на вас ги забележуваат само физичките атрибути, тоа не е точно во целост. Секако дека физичкиот изглед е важен, но одр

Пронајдете не на следниве мрежи: