По нив, врските речиси секогаш завршуваат: Ова се петте најлоши караници

Во секоја врска доаѓа до караница и тоа не е нешто од кое треба да се срамиме. Тие често помагаат сите проблеми што ги криеме во себе да излезат на виделина. Но, проблемите заради кои доаѓа до расправии не смееме да ги игнорираме и мораме да ги решиме за караниците да не се повторат. Ова е списокот на најлошите љубовни караници и совети како да ги решите.Караници околу:
-Финансии: Според статистиките, парите се причинител број еден на љубовните караници. Се наоѓате во „тенка“ ситуација и едвај спојувате крај со крај а вашиот партнер ги троши парите на непотребни работи? Не можете да не се чувствувате изневерено. Преку овој проблем не смеете да преминете. Морате проблемот да го сфатите како прилика да ги решите финансиските проблеми и да станете поискрени еден кон друг.
-Родителите. Никој не е совршен, па така ни членовите на семејството. Секако дека е нормално понекогаш да ги критикуваме родителите, но ги сакаме без разлика. Но, што да се прави кога партнерот кажува лоши работи за вашите родители? Тоа не смее да се толерира. Постојат граници што партнерот не смее да ги премине, а истото важи и за вас, па затоа внимавајте кога го искажувате мислењето за родителите на партнерот и немојте да го повредите.
-Домашните обврски: Ова звучи како мала работа, но за повеќето парови се работи за голем проблем, а особено кога едната страна е единствената која е задолжена за домашните обврски. Ако поделбата на обврските е проблем во вашата врска, немојте да го игнорирајте и наместо тоа, решете го. Домашната работа треба да се дели на половина, и затоа сериозно поразговарајте со партнерот.

-Сексот: За време на интимните моменти се наоѓаме во многу чувствителна состојба. Затоа, потребно е внимателно да се комуницира за секој проблем поврзан со сексуалниот живот. Ако нешто не ви одговара или сте незадоволни, немојте партнерот да го прекинувате со реченицата: „Што правиш, ова е одвратно“, бидејќи со тоа му ја уништувате самодовербата. Наместо тоа, бидете тактични и кажете нешто како: „Не сум сигурна дали ова ми се допаѓа, можеме ли да го пробаме ова“. За проблемите поврзани со сексуалниот живот не е лесно да се разговара надвор од креветот, но тоа би требало да го правиме, бидејќи таквите разговори полесно е да се водат со „ладна глава“.
-Изгледот, интелигенцијата или карактерот. Работите кажани во караница никогаш не се забораваат. Затоа, избегнувајте ги коментарите на сметка на партнерот. Понекогаш во лутина кажуваме работи што не ги мислиме, сакаме да ги повредиме луѓето бидејќи тие не повредиле нас. Кога ќе ви „излета“ таков коментар, искажете се и објаснете дека тоа сте го кажале во лутина. Истото очекувајте го и од партнерот и немојте да толерирате навреди.Караници околу:
-Финансии: Според статистиките, парите се причинител број еден на љубовните караници. Се наоѓате во &bdquo

Пронајдете не на следниве мрежи: