Девојката ми е толку „напалена“, што од мене го исцеди секој грам живот…

Некој да ми кажуваше дека сексот толку ќе ми здосади, никогаш не би му поверувал….Помалку зачудувачки можеби ви звучи ова мое излагање, бидејќи на кој му е доста од секс? Е па мене ми е, и тоа од скоро. Но, да почнеме со ред.
Се смувавме баш за Нова Година, пред тоа не се ни познававме. Ми делуваше симпатично, веројатно и јас на неа, а не треба да ја заборавиме ниту поприлично големата количина на алкохол во нашите вени. Но, тоа сега не е тема.
После 45 минути откако се смувавме ми рече дека сака да одиме сами во соба. Нормално дека се согласив и тоа беше нашиот прв пат. После тоа сексот се редеше како на трака…
На почетокот, после тој секс, имав мали сомнежи во врска со тоа дали треба да се впуштам во врска со неа. Сепак, не е сеедно кога сте со некој во озбилна  врска, а прв пат сте воделе љубов после еден час од запознавањето. За среќа преку заеднички пријатели дознав дека не е некоја „лесна“ девојка, па без проблем продолжив да се гледам со неа. Навистина е супер лик.
Првиот пат кога отидов кај неа немаше ниту малку тешкотии во себе поради тоа што нејзините беа во собата до нас. Одма „премина на работа“, а јас нормално не се бунев.
Ни кога ги запозна моите, не се стегаше за малку повеќе да се опушти и гласно да испушта звуци на задоволство. Па на мене ми беше непријатно а веројатно и на соседот над нас, под нас и до нашиот стан. Но не сакав било што да кажам.
Дека имам проблем со таквото нејзино однесување забележав на роденденска забава кај другар. Ме однесе до ВЦ и…Остатокот веќе го знаете. Ок, не требаше ниту јас да се согласам тогаш да имаме секс, тука малку и јас сум виновен. Но барем не сум јас тој кој секогаш предлага такви работи поради кои подоцна ќе ми биде непријатно.  
Разни мисли ми летаа низ глава, а најстрашна од нив беше таа дека сум во врска со нимфоманка…

Разни мисли ми летаа низ глава, а најстрашна од нив беше таа дека сум во врска со нимфоманка. Се исплашив дека ако одбијам секс со неа во некои ситуации, ќе отрча до некој друг и ќе ги задоволи своите потреби. Единствено решение беше да поразговараме.
Ми рече дека никогаш така не се чувствувала во врските, и дека едвај чека да биде со мене. На кое машко не би му годеле такви зборови? Но, рака на срце, не е дека сум некој Казанова во кревет. Умеам и јас да зезнам, не сум баш сексуален Херкулес кој како на движечка лента штанца оргазми.
Другарите ми велат дека тие, во најдобар случај со девојките спијат 2 пати неделно. Во мојот случај таа цифра е двоцифрена. Не дека не ми годи сексот, но брату мил па не сум јас машина. Неколку пати ми се случило онака исцеден од претходната вечер да одам на работа и да бидам проактивен и да седам како на закачалка во аголот на канцеларијата.
Активниот сексуален живот почна да влијае на моите работни одлуки кои не се баш најсјајни.
Сепак, успеав да пронајдам решение. Ги разретчив гледањата со неа на 2-3 пати неделно и тоа максимум. Морам малку да одморам од бурните месеци зад себе и на работа повторно да бидам незаменлив. Помалку зачудувачки можеби ви звучи ова мое излагање, бидејќи на кој му е доста од секс? Е па мене ми е, и тоа од скоро. Но, да почнеме со ред.

Пронајдете не на следниве мрежи: