Убава, успешна, згодна, паметна, а сама: Соло девојките ги има се повеќе. Во денешно време се наметнува темпо на живот што многумина не можат да го следат и што создава нови љубовни предизвици. Дали е тешко да се најде вистинскиот маж, или можеби проблемот е во нешто друго?Убава, успешна, згодна, паметна, а сама: Соло девојките ги има се повеќе. Во денешно време се наметнува темпо на живот што многумина не можат да го следат и што создава нови љубовни предизвици. Дали е тешко да се најде вистинскиот маж, или можеби проблемот е во нешто друго?
-Премногу размислуваат за потенцијално момче: Девојките без партнер се често осамени, па со тоа премногу размислуваат за машкиот род. На основа на своите квалитети и мани бараат некој кој ќе биде добар и сличен на нив, но често со тоа се случува да го идеализираат потенцијалниот партнер. Па така, кога ќе го запознаат доживуваат разочарување заради нивната нереална слика за идеалниот партнер.
-Несигурност и недостаток на самодовреба: Дури и најсамоуверената девојка пред мажите може да остави впечаток на несигурна личност, од страв дека ќе направи погрешен чекор. Впечатокот на несигурна личност го оставаат и девојките кои зборуваат за своите претходни љубовни искуства, бидејќи оној кој говори лошо за поранешните, говори лошо и за себе.
-Секс на првиот состанок: Слободните девојки лесно паѓаат на машката сексуалност, размислувајќи на тоа дека со сексот полесно се доаѓа до мажот, и дека тоа е она што ги освојува. Размислувањето дека со сексот на прв состанок ќе се остави позитивен впечаток и дека на тој начин ќе се дојде до неговите емоции е целосно погрешно.
-Не знаат да препознаат потенцијал за врска: Многу е важно да се препознаат вистинските сигнали на самиот почеток, и ако нема потенцијал за врска, да се запре на време за да се спасите од разочарување. Сингл девојките често наоѓаат потенцијал за врска онаму каде што го нема. Нема поента да се трча по некој кој не знае да ни обрати ни пет минути внимание.Убава, успешна, згодна, паметна, а сама: Соло девојките ги има се повеќе. Во денешно време се наметнува темпо на живот што многумина не можат да го