Немаме ништо против сексот за една ноќ, но тоа не значи дека треба автоматски да се претвораме во секс-духови кои во просторијата не ги гледаат и неговите цимери.Кога се работи за авантура за една ноќ, иронично е, но постојат правила кон кои треба да се придржувате за да биде добро за сите присутни. Сепак, фраерите од овој правилник често ги изоставаат основните правила на однесување. Верувале или не, фактот дека можеби по овој секс нема веќе никогаш да се видите, не значи дека немате име и дека не заслужувате да бидете третирани на убав начин.
-Не ја запознавате со цимерите. Сексот е само секс, но за да дојдете до своите четири ѕида и да се фрлите на работа, постои голема можност дека ќе поминете покрај своите домашни кои гледаат филм на каучот. Сигурно дека таа не очекува да ја претставите како пакет со машна, но едно едноставно „Здраво екипо, ова е (вметни име)“ би било одлично. Сепак, таа не е невидлива.
-Го занемарувате фактот дека не сте се ни обиделе да ја исчистите собата пред да ја донесете во станот. Таа е таму бидејќи и се допаѓате, а не затоа што ги знаете сите детали на чистењето завеси, но нечистиот стан ја отежнува можноста да се доживее оргазам. Потребни се 5 минути да се намести кревет и валканите боксерки да се шутнат под душекот. Сепак, ова е ситуација во која сакате таа да е гола. Размислете за тоа.
-Немате кондом. Како? Како тоа воопшто се случува? Искрено, фактот дека не сте очекувале да донесете некој дома и не е баш некој иговор. Кондомите се достапни насекаде и затоа во вашата соба/паричник/џеб треба да бидат достапни секогаш. Кондомите се прво и основно правило на сексот. Без расправање.
-Не го возвраќате оралниот секс. Да, се уште постојат фраери кои мислат дека е во ред да добиваат, но не и да даваат. Од друга страна, не сакаат сите да добиваат, а камоли да даваат орален секс на странци. Но, ако сексот е брз и безначаен со многу мала предигра, не значи дека не можете барем да го понудите. Не ве научија родителите дека треба да знаете да делите?Кога се работи за авантура за една ноќ, иронично е, но постојат правила кон кои треба да се придржувате за да биде добро за сите присутни. Сепак, ф