Немате поим како се чувствував.Кога го запознав и откако за прв пат водевме љубов, ми беше малку чудно. Видов дека не сака многу да разговара за тоа, и никогаш не ни започнав со разговор на темата.
Имено, на градите над срцето тој има истетовирано машко име. Ми падна чудно а кога го прашав кој е тој што му е толку важен, кратко ми одговори дека тој му е добар пријател.
По две години врска, во која искрено ми е феноменално, бидејќи ме чува како капка вода на дланка, минатиот викенд се шетав со една другарка во паркот и се шокирав од глетката.
На клупата во близина седеше мојот ангел, човекот со кој треба да се мажам, во прегратките на некој непознат маж.
Мојот сакан е хомосексуалец! Немате поим како се чувствував. За среќа мојата другарка ништо не виде, а целото внимание беше насочено кон мене, бидејќи се чувствував лошо. И тој ме виде мене, а кога попладнето дојде дома ми објасни се.
Ми кажа дека тетовираното име е името на неговото момче кое живее во Америка. Се ми призна и ме замоли да го разберам и да се обидеме да продолжиме со нашата врска.
Се чувствувам ужасно. Многу им е убаво со него, но целосно сум збунета со новонастанатата ситуација. Што да правам? –прашува збунетата читателка.
Како би реагирале вие во оваа ситуација?Кога го запознав и откако за прв пат водевме љубов, ми беше малку чудно. Видов дека не сака многу да разговара за тоа, и никогаш не ни започнав со