Во последните неколку децении, љубовните односи значително се сменија. Прашање е дали таа промена отиде во вистински правец. Еве што се очекувало од бракот во 1939 година, а што 70 години подоцна.Во дамнешните 40-ти години, на жените најважно им било нивниот партнер да биде личност на која ќе се потпрат,а денес на прво место се привлечноста и љубовта. Мажите порано сакаа нивната партнерка да биде емоционално стабилна и зрела, а денес сакаат исто што и жените: Некој кој ќе ги привлекува, којго ќе го сакаат и ќе ги сака, покажа најновото истражување.
На листата на посакувани особини кај партнерот, воздржувањето од секс пред брак од 10 место падна на 18, но затоа изгледот од 14 место се издигна на 8 кај жените, и од 17 на 12 кај мажите.
Но, она што е интересно е дека желбата на мажите жената да сака да основа семејство на што помлади години, од 7 место сега е на 4. Интересно е и дека на жените ова им е многу помалку важно отколку пред 70 години, па од 7 место паднала на 9.
А финансиите? И за мажите и за жените денес се многу поважни отколку порано, но не се пресудни. Кај мажите финансиската ситуираност на партнерката се искачила од 13 на 10 место, а кај жените од 17 на 12. И после, ќе кажат „на жените само парите им се важни“…
Што е за вас најважно? Одговорете ни во делот за коментар!Во дамнешните 40-ти години, на жените најважно им било нивниот партнер да биде личност на која ќе се потпрат,а денес на прво место се привлечноста