Овие 6 намирници никако немојте да ги јадете ако вечер планирате секс

Некоја храна напросто не мами на секс, додека друга има афродизијачки својства. Дознајте кои јадења никако не одат рака под рака со сексуалниот живот.Излегувањето со партнерот обично почнува со оброк. Без разлика дали станува збор за вечера и кина, хамбургер и пиво или пак чипс и кока- кола под ведро небо, храната и состаноците дефинитивно одат рака под рака.
Ако очекувате дека излегувањето со вашиот партнер ќе заврши секси под прекривките на вашиот кревет, постојат неколку намирници кои би требало да ги избегнувате доколку сакате да бидете сигурни дека ќе изгледате и ќе се чувствувате најдобро што можете кога ќе ги изгасите светлата.
Пеперминт бонбони и мастики
Што? Но, како тогаш да излезете пред него/неа, без свеж здив? За жал морате без својот мал пеперминт пред потполно да се опушите и препуштите. Студиите покажуваат дека ментолот всушност може да го намали нивото на тестостерон, а тоа доведува до послаба возбуда а потоа и благ врв.
Хот дог
Доколку за состанок сте одбрале саем, пазар или спортско случување, никако не земајте хот дог. Тој е полн со натриум, а таквата храна желудникот тешко ја вари. Високата содржина на заситени масти може да и пречи на циркулацијата на вагината и пенисот, а последица на тоа е потешко постигнување на оргазмот.
Мешунки
Сите добро знаете дека мешунките – грашак, грав, боранија – т.н. музичко овошје. Исто така и тофу, вкусна вегитарјанска верзија за сирење, направено од соја. Прескокнете тофу и држете се до до риба со пире , а во ресторан нарачајте нешто полесно.

 
Газирани пијалаци и пиво
Кога мислиме за работи кои ни го поправаат расположението, подригањето и подуеноста дефинитивно не се на таа листа. Карбонатите во газираните сокови, пивото или дури и минералната вода може подоцна во текот на ноќта да се огласат како подригнување додека на партнерот на уво му шепотите безобразни зборови. Прескокнете ги газираните напитоци и одлучете се за пијалок или вода без меурчиња.
Кофеин
Според Никол Касал, инструкторка за здравје и велнес, кофеинот го подига нивото на кортиол, поради што ќе имате потешкотии да се опуштите кога ќе дојде до секс. Може дури да почувствувате поголема анксиозност или да бидете премногу вкочанети,а тоа воопшто не звучи забавни.
Лук
Сите знаете дека лукот може да биде виновен за непријатен здив од устата, а дали сте забележале дека тој буквално може да испарува од целото тело. Иако можеби го сакате мирисот на Италијанската кујна, сигурно не сакате и рацете и косата и устата да ви бидат зачинети со лук кога ќе одите во спалната соба.Излегувањето со партнерот обично почнува со оброк. Без разлика дали станува збор за вечера и кина, хамбургер и пиво или пак чипс и кока- кола под в

Пронајдете не на следниве мрежи: