Британските туристи во Грција останаа без пари

Британските туристи што во моментов се на одмор на бреговите на Средоземјето се нашле во небрано бидејќи никој не сака да им ги смени фунтите.Откако Велика Британија на референдум изгласа излегување од Европската Унија, фунтата го доживеа најголемиот пад во последните 30 години.
Мет Руни од грчкиот остров Кос на Твитер порача:
    It’s beginning already! We’re in Greece, no cash exchange & no cash machine withdrawals for Brits. Great #brexitfail pic.twitter.com/9dG0LnhSCB
    — Matt Rooney (@mattrooney) June 24, 2016
    „Веќе почна. Во Грција сме и не можеме да смениме пари ниту да извадиме од банкомат“, напиша Руни кој наскоро објави и дека успеал да го реши проблемот благодарение на помошта од хотелскиот персонал.
Фунтата ослабе за повеќе од 10 отсто во однос на американскиот долар, откако прелиминарните резултати од референдумот покажаа дека гласачите решија да ја напуштат ЕУ. Курсот на фунтата падна под 1,35 долари, што е најниско ниво од 1985 година, а овој пад е посилен од таканаречената црна среда, кога фунтата за еден ден ослабе за над 4 отсто.Откако Велика Британија на референдум изгласа излегување од Европската Унија, фунтата го доживеа најголемиот пад во последните 30 години.
М

Пронајдете не на следниве мрежи: