Да се привлече погрешниот маж не е никаква мудрост, но да се привлече оној вистинскиот… Е, тоа е малку посложено.Не знаеме каде се наоѓа твојот, не знаеме ни како изгледа, но знаеме што мораш прво да направиш за да привлечеш некој што те заслужува – чекор по чекор, и фраерот сам ќе си дојде.
Засакај го твоето тело: И стриите, и целулитот, и се што не ти се допаѓа. Ако ги засакаш своите мани, тогаш во твоите очи тие ќе станат доблести, а твојот нов став ќе го привлече фраерто кој можеби дури и те заслужува.
Научи да се запалиш сама: Ако ти не знаеш, како очекуваш тој да знае? Се разбира дека мажите знаат што прават кога се работи за женското тело, но вистинскиот фраер сака да научи повеќе, а тоа не може ако ти самата не си го научила.
Научи да се препуштиш: На некои жени препуштањето во рацете на мажот им е кошмар бидејќи мислат дека така ја губат моќта. Вистинскиот маж ќе сака да му се препуштиш, независно од тоа колку си силна. Тоа е нешто што силните жени понекогаш мораат да го научат од почеток.
Нагласи ги своите предности: Да се знаат своите доблести е едно, а да се знаат да се нагласат и искористат е сосем друго. Некои фраери ќе мислат дека си недостапна ако јасно им дадеш до знаење дека си свесна за своите доблести, но тоа и онака не се момци што треба да те интересираат. Вистинскиот маж ја цени жената која не се плаши да покаже со што располага.Не знаеме каде се наоѓа твојот, не знаеме ни како изгледа, но знаеме што мораш прво да направиш за да привлечеш некој што те заслужува – чеко