Кога пред две години во речникот влезе терминот спорносексуалци, означувајќи ги припадниците на посилниот пол кои ги пумпаат мускулите за да изгледаат како порно и спортски ѕвезди, многумина мислеа дека се работи за феномен што нема да заживее. Но, истражувањата покажаа дека бројот на спорносексуалците расте.Главниот истражувач, д-р. Џејми Хаким наведува дека нивниот подем има врска со финансиската криза, заради која мажите се стремат да дојдат до статусни симболи, како што се автомобилите и високо платените работни места. Затоа, многумина се ослонуваат на мускулите и објавувањето селфи со затегнато тело, за да изгледаат помоќно.
Особено на ова се подложни момците родени по 80-тите години, кои значително повеќе од претходните генерации се стремат да остварат престижна кариера и да купат недвижнини. Во ваквата ситуација, важно им е воодушевувањето од страна на пријателите на социјалните мрежи.
Истражувачите особено се заинтересирани за фактот дека мажите низ историјата себеси се дефинирале на основа на умот, а сите останати, од жените до слугите, на основа на телото. Сега, за прв пат, мажите и себе почнаа да се гледаат како предмет.Главниот истражувач, д-р. Џејми Хаким наведува дека нивниот подем има врска со финансиската криза, заради која мажите се стремат да дојдат до стату