„Бумеранг генерација“: Зошто на младите им се припишува овој назив?

Економските, но и социјалните фактори се заслужни модерната генерација на младите во САД и Европа биде карактеризирана како „бумеранг генерација“.Изразот се однесува на тоа што сѐ поголем број млади живеат со родителите и во подоцната младост, откако пробале да живеат некое време самостојно. Затоа не е чудно што американските медиуми се преплавени со текстови како да преживеете со бумеранг децата, како да не ви ја потрошат заштедата, пензијата, заработеното…
Синдромот „празно гнездо“ е финансиски поисплатлив од децата повратници. Њујорк тајмс известува дека повеќе од 60 проценти од младите примаат финансиска помош од родителите. Еден од петмина млади во дваесеттите и раните триесетти, живее со родителите.
Ни во Европа не е подобро. Според некои податоци, околу 38 милиони млади не ја напуштиле семејната куќа, а најмногу се иселуваат во земјите кои се сметаат за просперитетни, како Шведска, Франција Данска.
Во просек најмладите се иселуваат во Шведска, кадешто тоа го прават на 20 години, додека на просторите на поранешна Југославија проблемот е доста голем, тука дури 57 проценти од младите меѓу 25 и 34 години живеат со своите родители.Изразот се однесува на тоа што сѐ поголем број млади живеат со родителите и во подоцната младост, откако пробале да живеат некое време самостојно.

Пронајдете не на следниве мрежи: