Понекогаш е потребна промена за да ја освежите вашата врска. Од време на време, одредени нешта повеќе не се доволни за да се разгорат страстите, па затоа е неопходно во врската да внесете некои новитети.Студијата на сајтот Гуд ин бед во која учествувале 3.100 испитаници покажала дека авантуризмот во сексот го унапредува нивото на задоволство, односно користењето на различни сексуални помагала.
Ако размислувате во вашиот сексуален живот да внесете сексуални помагала, треба да ги имате на ум следните работи:
Бавен вовед
Почнете со вибратор, што се смета за прва секс играчка. Специфичниот звук што тој го произведува е забавен, а влијае позитивно и на опуштањето на вашата партнерка.
Фокусирајте се на нејзиното задоволство
Комуникацијата е мошне важна. Разговарајте со неа за воведувањето секс играчки во спалната соба. Одете заедно во секс шоп и пронајдете ги играчките што ви одговараат. За која играчка и да се одлучите, не заборавајте да купите лубрикант.
Излезете од зоната на комфор
Ако немате премногу сексуално искуство, најдобра опција ви е отворен разговор со партнерката за можните предности на воведувањето нови нешта во вашиот однос. Често се случува еден од партнерите да не е подготвен за нови нешта. Сепак новите искуства и возбудување ве очекуваат тогаш кога ќе излезете од зоната на комфорот и ќе пробате нови нешта. Со текот на времето тие нови нешта ќе станат нешто во што уживате и што нема да ви биде толку туѓо.
Современи технологии
Во времето на новата технологија и сексуалните помагала станаа незаборавно искуство. Теледилдониците се сексуални играчки што се популарни кај луѓето што имаат врски на оддалеченост и што се поврзуваат преку интернет и ги копираат активностите на личноста што го држи другиот уред.Студијата на сајтот Гуд ин бед во која учествувале 3.100 испитаници покажала дека авантуризмот во сексот го унапредува нивото на задоволство, однос