Вистинската мета на „Панамските документи“ не е Русија, туку Велика Британија и Швајцарија. Еве зошто!

Операцијата „Панамски документи“, без сомнение е хибридна воена операција чија цел беше да се изврши информациски напад кој совршено одговара на целите на американската меѓународна политика и не создава проблем ниту за еден американски актер, известува „southfront.org“.Со оглед на нивото на корупција во американската елита и степенот на оф-шор ангажираноста на американските финансиски институции, чудно е што панамска компанија нема соработувано со американски клиенти, иако тоа има врска со тоа што американски закон не дозволува оф-шоринг низ панамските компании. Како некој однапред да знаел што ќе се случи и како ќе ги искористи информациите за да уништи некој друг.
Постојат два извори на Панамските документи. Еден од нив е бесен поранешен работник кој на медиумите им предал многу информации во стилот на Сноуден. Меѓутоа, неговиот идентитет сѐ уште не е објавен. За да дојде до овие доверливи информации, свиркачот мора да бил вработен на висока позиција во панамската компанија Мосак-Фонсека, на пример во одделот за информациски технологии, инаку не би можел да дојде до такви информации.
Сѐ додека не се открие идентитетот на поединецот, мора да се земе в предвид можноста дека некоја разузнавачка агенција како НСА ги хакирала записите од панамската компанија и им ги проследила информациите на медиумите, односно на Меѓународниот конзорциум за истражни новинари (ИЦИЈ), кој е финансиран од Соросовото „Отворено општество“.
Најинтересно е дека и покрај големата пропаганда, Русија не беше мета на овој напад. Нема информации кои во голема мера би можеле да ѝ наштетат на Русија, а сумите што се спомнуваат се прилично мали.
Сепак, државата што е најмногу изложена во овој скандал е Велика Британија.
Поголем дел од клиентите на компанијата се регистрирани во британските даночни раеви. Мосак-Фонсека има соработувано со дури 1900 британски компании, но и со преку 2000 компании во Хонг Конг кои најверојатно се поврзани со Велика Британија или претставуваат подружници на британските компании. На листата посредници се наоѓаат истакнати банки, правни компании, но и многу други финансиски компании.
Веројатно е случајност што Панамските документи погодуваат и уште еден центар за финансиски услуги, а тоа е Швајцарија – со вкупно 1200 посредници.
Сигурно е дека британската финанскиска индустрија и британската политичка елита не би одобриле објавување на вакви информации во кои се спомнува и Дејвид Камерон.
Кој има корист од ова?
Несомнено, најмногу корист имаат американските компании за финансии. Панамските документи укажуваат на тоа дека ако некој сака да се занимава со оф-шоринг, мора да го прави тоа преку американски компании за да ја избегне критиката од јавноста и правните казни. Изгледа дека американскиот сектор за финансии на секој начин се обидува да се ослободи од конкуренцијата и да го централизира оф-шорингот.Со оглед на нивото на корупција во американската елита и степенот на оф-шор ангажираноста на американските финансиски институции, чудно е што панам

Пронајдете не на следниве мрежи: