Туристичкиот бизнис во Европа – тешко погоден од терористичките напади!

Само за неколку дена, вработувањето во некои хотели во белгиската престолнина падна на само 25%.Туристичкиот бизнис во Европа е тешко погоден од терористичките напади во главните градови на Франција и Белгија во последните месеци, покажува анализа на „Волстрит џурнал.“
Во бомбашките напади во Брисел на 22 март загинаа 35 лица, а повредени беа над 300. Тоа се случи само 4 месеци по крвавиот терор во Париз, кој веќе доведе до ограничување на патувањата кон Европа – најпосетениот регион во светот.
Ефектот врз туризмот по нападите во Брисел беше молскавично брз. Само за неколку дена, вработеноста во некои хотели во белгиската престолнина падна до само 25%, според прелиминарните проценки на компанијата STR која ги следи податоците за индустријата.
Ден пред нападите, хотелите во градот биле резервирани околу 82%.
Нивото на вработување на хотелите во Лондон се намали од минатиот четврток година до 58%, а во Париз падна до 67%, наведува STR.
Овие податоци се врз основа на истражување на хотелите во двата наведени градови и претставуваат пад од 24,7% и 15,1% во споредба со нивото од претходната година, споредува весникот.
За Европа, туристичката индустрија беше од клучно значење за одржување на кревкото економско закрепнување на регионот.  Според економистите, хотелиерството и туризмот сочинуваат околу 10% од европскиот БДП. Туристичката индустрија веќе забележа побавен раст по крвавите напади во Париз на 13 ноември 2015 година. Во јануари, Светската туристичка организација на ОН прогнозираше зголемување на меѓународните туристи во Европа од 3,5% до 4,5% за 2016 година – по растот со 5% забележан минатата година.
Британската туристичка компанија „Томас Кук“, минатата недела објави дека летните резервации се до 5% пониски во споредба со 2015 година. Несигурната геополитичката средина натерала некои клиенти да ги одложат резервациите за одмор, посочи извршниот директор на компанијата Питер Фанкхаузер.
Американскиот Стејт департмент, пак, ги предупреди Американците за „потенцијални ризици“ при патувањата во Европа.
Лондон, исто упати предупредување до Британците кои патуваат до Брисел, иако во петокот властите во Белгија го намалија за еден степен нивото на терористичка закана до второ највисоко ниво.
Цели на нападите во Брисел – примарна беше аеродромот и системот на метрото. Ова може да предизвика и поголем страв меѓу патниците за други потенцијални цели, посочуваат специјалисти од угостителство и туристичката индустрија.
Во моментов тоа е веќе друга приказна, посочува Волфганг Арлт, директор на кинескиот Институт за истражување за меѓународен туризам во Хамбург. Луѓето почнуваат да гледаат на Европа како место кое веќе не е сигурно и Кинезите не прават разлика меѓу Франција, Италија, Германија или Шпанија.
За нив цела Европа е несигурна, посочи тој. Бројот на кинеските туристи коишто престојуваат во хотели во француската престолнина е намален во декември за 3,1% во споредба со една година порано, покажуваат податоците на Париз од Бирото за посетители, откако во првите 10 месеци од 2015 година нивниот број се зголеми со цели 46%.
Угостителската консултантска компанија MKG Hospitality, наведува дека просечниот приход во Париз за слободна соба – мерка за здравјето на хотелскиот бизнис, постигна намалување за 13% во првите два месеци од 2016 во споредба со една година претходно.
Влијанието од терористичките напади во Париз на 13 ноември се чувствува насекаде низ светот.
Компанија Priceline Group, која го поседува сајтот Booking.com, изјави дека нејзиниот годишен раст во продажбата на хотелски соби во светот бил за 10% помал во неделата по крвавите напади. Намалени се и резервациите во авиокомпаниите и бројот на патниците.
Најголемата авиокомпанија во Европа, „Ер Франс-КМЛ“, пак забележа загуби од 120 милиони евра од нереализирана продажба. Во меѓувреме, трговците, особено оние во луксузните продавници кои силно зависат од меѓународните туристички купувачи, исто така известуваат за пад на нивната продажба.
„Волстрит џурнал“ го цитираше Аксел Дима, извршен директор на „Хермес Интернешнл“, кој вели дека прометот во продавниците на компанијата во Париз оваа година останува под нивото во однос на минатата година.
Сето тоа сугерира дека туристичкиот бизнис во Европа може да биде сериозно засегнат од терористичките напади, што дополнително може да го поткопа кревкото економско закрепнување на регионот, под влијание кое веќе е негативно од слабите резултати на голем број водечки пазари во развој, а особено во однос на Кина.Туристичкиот бизнис во Европа е тешко погоден од терористичките напади во главните градови на Франција и Белгија во последните месеци, покажува ана

Пронајдете не на следниве мрежи: