Пенисот почнал да му се криви и тоа му го уништило животот: „Се е ОK додека не се крене , а потоа…“

„Пенисот ми ја уништи долгогодишната врска, но на крај се испадна супер“, вели човек кој помислил дека има рак, а потоа сфатил дека добил болест која ја има секој стоти маж.„Пред три години, на прагот на мојата педесета година открив грутка на мојот пенис. Беше болна со големина на зрно грашок. Појдов кај својот доктор, кој се посомнева на рак и ме прати кај специјалист. Урологот ме погледн и рече дека не се работи за рак, туку Пјерониева болест“, објаснува овој маж.
Неговата прва помисла била дека болеста звучи како пиво, а другата дека за среќа не се работи за рак.

„Во меѓувреме мојот пенис ми стана непријател. Секоја ерекција беше болна, а потоа дознав дека во текот на ноќта ми се укрутува и до 12 пати. Шест месеци откако за прв пат забележав дека нешто не е во ред, болката се повлече, но грутката остана, а пенисот почна да ми се криви. Во еден момент вокрената состојба беше под агол од 90 степени“, опишува тој.
Еден од проблемите е што за оваа болест, која доведува до кривење на пенисот, не постои терапија која гарантира решение на проблемот.

 
„Во текот на неколку месеци пиев различни пилули и масла, а користев и вакум- пумпа. Мојот пенис 30 минути дневно беше во пластичен цилиндар и тоа беше многу болно, но се надевав дека ќе се реши проблемот. Тогаш бев во долгогодишна врска и се чувствував многу лошо поради тоа што не можеме да имаме секс, не само затоа што беше болно за мене, туку беше и технички неизводливо“, објаснува тој.
Останал сам неколку месеци и не знаел како да го реши својот проблем со емотивниот живот. Не сакал да има само романтична врска, туку и сексуален живот.

„На крајот на 2014 година, после неколку месеци различни третмани, кривината само се влошуваше. Единствено решение беше да одам под нож и да го решам тој проблем. Но, дознав дека покрај грутката и кривината ќе изгубам и пет см од должината на својот пенис, но ова беше единственото решение“, вели тој.
Кога го видел својот нов пенис во конци, сакал да поврати, но со него повторно можел да ужива во сексот. Денес има мал проблем, бидејќи пенисот изгубил на издржливост, но има и партнерка со која сексот му е одличен.„Пред три години, на прагот на мојата педесета година открив грутка на мојот пенис. Беше болна со големина на зрно грашок. Појдов кај својот

Пронајдете не на следниве мрежи: