Неколку знаци дека вашата ВРСКА е во неволја

 
Дали врската ви се чини чудна во последно време? Дали се плашите дека страста исчезнала? Ако нешто ве загрижува, но не сте сигурни што не е во ред, можеби привлечноста меѓу вас и вашиот партнер бледнее. Еве три знаци дека на вашата врска не и оди најдобро.
  
-Вашиот партнер не ве гледа во очи
Кога се работи за срцето, моќта на погледот е непореклива. Извесно истражување ја тестираше тезата на вљубувањето и анализираше што е тоа што прави луѓето да се вљубат. Бил направен експеримент во кој двајца луѓе требале без престан да се гледаат во очи четири минути. Се покажало дека е точна теоријата според која луѓето се чувствуваат поблиски откако се гледале во очите, без разлика дали се познавале или не. Инспирирани од ова истражување, тимот научници го извеле истражувањето на шест парови кои морале да се гледаат во очите 5 минути. На крајот од истражувањето, испитаниците биле изненадени од резултатите. „Во моите 55 години брак, никогаш не сме се гледале на таков начин“, изјави една од тестираните жени. Нејзиниот сопруг, пак, вели: „Кога ја гледам одблизу, сфаќам колку ми значи. Не можам да замислам да бидам со ниедна друга жена“. Сите овие знаци докажуваат колку е важен погледот, особено од саканата личост. Затоа, ако на вашата врска и недостасува поглед, можеби е причина за грижење. Ако вашиот партнер често го оттргнува погледот, можеби крие некаква болна вистина. Тоа може да се случи за време на обичен разговор или за време на секс. Ако вашиот партнер не ве гледа, не се чувствува поврзано со вас.

-Редок и монотон секс
Најголемиот знак дека сте во здрава врска е врска со добар секс, иако редовноста зависи од преференците на секоја врска. Ако вашиот сексуален живот бил поинтензивен и возбудлив, а сега е здодевна рутина, треба да обрнете внимание на овие показатели. Во сите врски се случува повремено запаѓање во рутина, но ако престанете да имате спонтан секс, тоа може да значи дека привлечноста се изгубила. Голем број на фактори можат да влијаат на намалување на либидото, но речиси сите се одразуваат негативно на врската, без разлика дали се работи за намалена комуникација, досада, гнев, или повредени чувства.

-Партнерот ве избегнува
Дали често го прашувате партнерот што не е во ред? Дали е очигледно несреќен? Бидејќи веројатно се знаете добро, забележувате дека нивното расположение се влошува во вашето присуство. Знаете дека им е потребно време за размислување и подготвени сте да ги сослушате кога ќе сакаат да разговараат. Но, ако вашата врска имала одлична комуникација претходно за разлика од сега, тоа може да значи дека чувствата кон вас се сменети. Ако партнерот ги изгубил чувствата кон вас, најверојатно е да ве избегнува, па дури и да лаже. Ако разговорот со саканиот се чини како „вадење на зборови со клешти“, треба да бидете спремни на најлошото.
 
  
-Вашиот партнер не ве гледа во очи
Кога се работи за срцето, моќта на погледот е непореклива. Извесно истражување ја тестира

Пронајдете не на следниве мрежи: