САД велат „Не“ за минувањето на новиот руски гасовод преку Грција

Забраната од Вашингтон за минување на гасоводот Турски тeк преку Грција, создава нови реалности.Но изградбата на новиот руски гасовод кој ќе се гради на Црното Море и ќе ги поврзува Турција и Русија, нема да минува преку Грција. Идејата беше тие цевки да минуваат преку Грција и од таму трасата да минува преку Македонија, Србија и Унгарија, до сериозни клиенти во Централна Европа.
Причината заради која Грција нема да биде земјата на оваа траса е што Американците наредија забрана за тој проект. Тоа многу јасно се гледа од билтенот кој минатиот петок излезе од американската амбасада во Атина.
– САД се загрижени од разгледувањето на можноста од продолжувањето на изградбата на Турски тeк во Грција. Гасоводот нема да помогне во енергетската диверсификација на Грција и веројатно е тоа причината за загриженоста кај европските конкурентски власти. Тој проект не претставува долгорочно решение за енергетските потреби на Грција – стои во соопштението од амбасадата на САД.
Заслужува да се одбележи дека соопштението беше објавено по крајот на средбите минатиот петок помеѓу специјалниот пратеник во Атина и кородинатор за меѓународни енергетски врски на САД, Ејмс Хохстејн, со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, со државниот министер Никос Папас и со министерот за енергија Панајотис Лафазанис.
Мисијата на Хохстејн во Атина била договорена уште за време на неодамнешната посета на првиот грчки дипломат во Вашингтон, и на неговите разговори со американскиот државен секретар Џон Кери.
Хохстејн пристигна во Атина со „точни насоки“ и да го пренесе американското разочарување од „игрите“ на Русија, како што тие се квалификуваат во американската престолнина“, стои во билтенот кое беше пренесено во Етнос. Во Москва енергетскиот гигант Гаспром мината недела објави дека ја започнал изградбата под морското дно на дел од трасата на Турски тeк. Претседателот на компанијата, Алексеј Милер беше во Анкара каде официјално го потпиша договорот со Турција за изградба на тој гасовод. Истиот ден, грчкиот премиер Алексис Ципрас збоурваше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин.
– Мислам дека енергетската стабилност е исклучително важна за Европа. Таа се постигнува преку реална диверсификација, но уште поважно е таа да се постигне со диверсификација на изворите за достава на природен гас – рече американскиот пратеник по средбата во Атина со министерот за надворешни работи Никос Коѕиас.
Се разбира, вистината е дека од една страна Американците се повторно во фаза на антируска хистерија заради Украина, а од друга стои нешто многу посуштински: тие сакаат по секоја цена да ги поддржат гасоводите кои се поврзани со американските интереси, преку кои се обидуваат да достават на европскиот пазар азербејџански природен гас, а тука на прво место е Трансјадранскиот гасовод ТАР, а на второ место е грчко-бугарската интерконекторна врска ИГБ, проширувајќи го паралелно искористувањето на течниот гас.
Ако Грција не ја даде својата територија за користење за гасоводот Турски тeк, тогаш тој треба да остане половина неизграден и ќе се користи само една петтина од неговиот планиран капацитет, а тоа значи дека само петина од количествата на гас кои можат да транзитираат преку него се наменети за потребите на Турција. Русите не можат да го градат тој гасовод преку Бугарија, чиј премиер е исто приврзан кон САД.
Од таа гледна точка, Москва би можела да се најде принудена да ги насочи напорите кон смена на кабинетот на Борисов, со цел идната влада која ќе дојде на негово место да биде проруска. Инаку, слични обиди се со неизвесен крај. Всушност, енергетската војна меѓу САД и Русија станува се посвирепа. Ако се има предвид дека Европа задоволува над 35 проценти од потребите со гас со увоз од Русија, може да се очекува напорите на Москва и Вашингтон да си ги рушат своите гасови проекти, да добијат нови димензии.
Етнос – АтинаНо изградбата на новиот руски гасовод кој ќе се гради на Црното Море и ќе ги поврзува Турција и Русија, нема да минува преку Грција. Идејата беше т

Пронајдете не на следниве мрежи: