Раскинала после 6 годишна врска – и сега има важна порака за сите жени

Прочитајте ја оваа силна порака и искуство на една девојка која после 6 години љубов решила да стави точка.Многумина ми велеа дека долгите врски обично не завршуваат славно, но никогаш не сакав да мислам на тоа.
Го сакав, бев сигурна дека тој ќе биде мојот сопруг, татко на моите деца, но потоа работите се промениле. Веројатно веднаш помисливте дека ме изневери со друга девојка, дека сум нашла друг, дека сме се расправале којзнае поради какви работи…Но, ништо од тоа.
Мојата љубов едноставно почна да се гаси. Не ме осудувајте веднаш, почекајте да ги слушнете причините.
Се запознавме на факултет, заедно студиравме, заедно и дипломиравме а потоа коцките се споија.
Да се разбереме веднаш, не сум од оние размазените девојки кои се желни за внимание, кои ништо не можат да направат сами. Јас сум од оние кои се борат до крај, кои можат се, кои ќе направат се за тој да не се чувствува запоставено, но од него тоа не можев да го очекувам.
Поточно, првите 3 години од нашата врска се беше убаво. Се сакавме многу, поминувавме преубави моменти заедно, а потоа се опушти. Веројатно момците се опуштаат кога ќе сфатат дека девојката толку многу ги сака, па мислат дека повеќе не мора да се трудат. Верувајте не е така, за се се потребни двајца.
Во моментот кога сфатив дека стигна време на неговата сигурност, почнав уште повеќе да се борам. Не сакав врската да ни премине во онаа чудна навика, да се оддалечиме и слично. Се трудев да му бидам уште подобра, во секој момент бев спремна за се што е во врска со него. Дури ги запоставував и моите обврски, своето друштво, семејството, некои свои уживања, одев со него на натпревари, одев од работа кај него, се грижев кога е болен и се….
А потоа кога ќе го замолев тој да дојде кај мене во стан, кога ќе го замолив да одиме негде, секогаш добивав одговор: „ме мрзи, дојди ти кај мене, ќе седиме дома“ и сл., а никогаш не му било тешко да излезе со своето друштво, да ги завршува своите обврски. Чувствував дека ме става во втор, па дури и трет план.
Сето тоа траеше 3 години а јас полека паѓав во депресија. Сфатив дека ги запоставив сите, а тој да не забележи дека кај нас нешто не оди како што треба. Моите зборови не допираа до него, плачев и молев да се промени нешто, но тој сметаше дека нема потреба од такво нешто, и дека меѓу нас се е во најдобар ред.
Да, него му беше одлично, а јас станував се понервозна и депресивна. Ги гледав луѓето околу мене колку се среќни, а јас не можев да се сетам кога се смеев последен пат.
Потоа почнав да му зборувам што не е во ред и секогаш ќе се скаравме. Тоа стана се почесто. Јас ќе зборував, тој немаше ни да ме слуша, се чувствував како да им зборувам на ѕидовите, а потоа повторно ќе почневме да се расправаме. Се беше премногу мачно за мене, не знаев што да направам а тој да види дека навистина имаме проблем и дека јас не можам повеќе се да правам за него, а да немам повратна информација…

 
Потоа, една ноќ седнав и добро размислив. Не сакам да го изгубам, не сакам 6 години да ги фрлам туку така, но не можам ни да се трудам сама. Имам потреба да почувствувам дека сум сакана, чувство на сигурност, да чувствувам дека е тука, а јас ништо од тоа немав.
Донесов одлука – Ќе раскинам! Го побарав следниот ден собрав сила, и му кажав дека не можам повеќе. не можеше да верува што слуша, но јас не се откажував од одлуката. Ми беше тешко, му пукаше срцето, но не можев повеќе. И понатаму не веруваше, ме молеше да одам и да размислам уште еднаш, ветуваше дека се ќе се смени и дека ќе биде подобро.
Ок, можеби и ќе се промени, но каде беше сето ова време? Како ништо не виде? Нема врска, му попуштив и му реков дека ќе се чуеме за неколку дена. Ме молеше со солзи добро да размислам, му ветив.
Не поминаа неколку дена, дојде на мојата врата. Уште еднаш убаво поразговаравме, уште еднаш му ги предочив сите проблеми и тоа што ме мачи, во надеж дека нешто сфатил за овие денови и дека има решение. Во моментот кога му реков дека е разгален и себичен, се разбесни и излезе од станот. Таа реакција беше мојата дефинитивна одлука. Кога сфатив дека не може да ја прифати критиката и тоа мене што ме мачи, знаев дека ништо нема ниту да се исправи.
Тешко ми беше, но кога после неколку часа ме побара му реков дека ја донесов конечната одлука. Можеби животот некогаш повторно ќе не спои, никогаш не се знае…Го сакам и понатаму но не можам да бидам во врска со некој со кој се чувствувам толку осамено, во кој не наоѓам поддршка, ниту пак чувствувам дека ме сака.
Ме бараше со денови, но не попуштав. Се свртев кон својот живот ги завршував сите свои обврски, повторно се дружев со луѓето и повторно се смеев. Се почувствував ослободено. Нормално, постоеја и понатаму постојат моменти во кои ме фаќа тага но се борам против тоа. Никогаш не можев да помислам дека вака ќе завршиме, но ќе помине некако.
Тоа што сакам да ви го порачам  е тоа дека колку и да сакате некоја личност, себеси сакајте се повеќе! Никогаш не го занемарувајте своето семејство и пријателите поради некој кој можеби за некое време ќе ви сврти грб или ќе ве стави во втор план. Моја среќа е што околу себе имам прекрасни луѓе кои и после се, после тоа што толку ги запоставив, веднаш ме прифатија со раширени раце и се трудат да ја почувствувам нивната љубов, но и што побргу да заборавам на оваа неславна врска.“Многумина ми велеа дека долгите врски обично не завршуваат славно, но никогаш не сакав да мислам на тоа.
Го сакав, бев сигурна дека тој ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: