Единаесет трикови за ЖЕЖОК секс кои се подобри од вијаграта!

И додека во светот сѐ уште се дискутира за одобрувањето на вијагра за жени, не треба да се заборави една стара вистина: трикови за постигнување на задоволство кои не вклучуваат лекарства (дури ниту многу пари).Земете ги во предвид следните 11 трикови за подобрување на сексуалниот живот.
Започнете ја предиграта додека сте на работа
Испратете му секси СМС на партнерот за да ја поттикнете возбудата која подоцна ќе кулминира во спалната соба, вели експертот за секс, Ивон Фулбрајт.
Одете на јога
За да ја поттикнете сексуалната желба, возбудата и полесно да постигнете оргазам – одете на јога. Според едно истражување спроведено врз жени кои практикувале 22 јога-пози секоја недела за три месеци, зголемената флексибилност и зајакнатите стомачни мускули можат да ја зголемат можноста за побрзо постигнување оргазам.
Храна како афродизијак
Авокадото е добро за организмот, но е од голема корист и за либидото. Тоа содржи состојки кои се одлични за срцето и крвните садови. За возврат, авокадото допринесува крвта да тече до вистинските места.
Сменете ја локацијата
Внесете новитети во сексуалниот живот со тоа што ќе ја смените локацијата при водењето љубов, вели д-р Јоел Блок. Кажете им здраво на тушот, кујната, дневната соба…
Воздржувајте се
Колку што подолго патувањето, толку е подобро пристигнувањето: ако чувствувате дека сте блиску да постигнете оргазам, забавете го темпото и одложете го задоволството, препорачува секс едукаторот Доријан Солот.

Однесувајте се како да глумите во филмска сцена
Никој не препорачува да глумите, но претерувањето во одредени движења може да го зголеми задоволството. Сексологот Ерик Марлов Герисон, препорачува да дишете потешко и да го виткате грбот. Исто така, добредојдено е и правењето врева.
Направете нешто возбудливо (надвор од креветот)
Адреналинските активности можат да го стимулираат лачењето на допамин во мозокот и да го подготват телото за жежок секс.
Синхронизирајте го дишењето со партнерот
Приврзаниците на тантричкиот секс – кој се однесува на фокусираното дишење, откриваат дека кога партнерите дишат во тандем креираат атмосфера за постигнување на оргазам и го зголемуваат задоволството во спалната соба.
Вежбајте ги долните мускули
Зајакнете ги мускулите во пределот на половиот орган коишто контрахираат додека трае оргазмот. Ако зајакнат, би можеле да доживеете поинтензивен климакс.
Совети: Направете 10 брзи контракции, потоа уште 10 други и држете пет до десет секунди по секоја контракција. Правете по две серии дневно.
Ослободете се од стресот
Најдете начин да го минимизирате стресот пред крајот на денот. Било да станува збор за физичка активност или чаша вино со закуска, обидете се да се опуштите.
Обидете се да не се фокусирате на постигнувањето оргазам
И додека постигнувањето оргазам ја добива славата, научниците велат дека возбудувањето кое се појавува додека трае предиграта може подеднакво да донесе задоволство. Токму затоа, не грижете се за тоа што пропуштате и уживајте во љубовните игри.Земете ги во предвид следните 11 трикови за подобрување на сексуалниот живот.
Започнете ја предиграта додека сте на работа

Пронајдете не на следниве мрежи: