Резултатите на Philips пријатно изненадија

Холандскиот производител на расветни тела, медицинска опрема и производи за здравствена нега Philips објави во понеделникот неочекувано доби деловни резултати во првото тромесечје од годината, кои се припишуваат на двегодишната програма за подобрување на профитабилноста.

Групацијата извести дека во првите три месеци од годината оствари нето добивка од 162 милиони евра, во споредба со 183 милиони евра во истиот период лани, кога добивката беше поттикната од продажбата на делот кој работење со недвижнини и други оддели за вкупна вредност од 119 милиони евра.Вкупните приходи на компанијата изнесувале 5,258 милијарди евра, што е пораст за еден отсто во однос на лани.Philips е најголем производител на расветни тела на светот и е меѓу трите најголеми производители на медицинска опрема. Со цел да ја подобри профитабилноста го продаде поголемиот дел од бизнисот со потрошувачка електроника, вклучително и одделите за производство на телевизори, аудио и видео опрема. Од Philips предупредија дека и натаму очекуваат слаба прва половина од годината, особено во САД и Европа, но очекуваат дека ќе ги оствари зацртаните финансиски цели за годинава.
Макфакс
Холандскиот производител на расветни тела, медицинска опрема и производи за здравствена нега P

Пронајдете не на следниве мрежи: