Цените на акциите на Волстрит паднаа втор ден по ред

Цените на акциите на Волстрит во четвртокот паднаа втор ден по ред, што е последица на слабите макроекономски податоци и деловните резултати на компаниите.Индексот Dow Jones падна за 0,56 отсто, на 14.537 поени, индексот S&P 500 се намали за 0,67 отсто, на 1.541 поени, додека индексот Nasdaq беше во минус за 1,20 проценти, на 3.166 индексни поени.Меѓу најголемите губитници вчера беше технолошкиот сектор, бидејќи IBM, eBay и SanDisk известија за слаби деловни резултати во првото тромесечје од очекуваното. Индексот на технолошкиот сектор падна за 1,4 отсто.И акцијата на Apple се најде вчера меѓу најголемите губитници. Откако во претходниот ден потона за 5,5 отсто, вчера падна за дополнителни 2,7 отсто, завршувајќи го тргувањето под нивото од 400 долари, што е прв пат од декември 2011 година.Деловни извештаи досега објавија 82 компании и банки од составот на индексот S&P 500, при што 72 отсто од нив ги надминале очекувањата на аналитичарите по прашањето на заработувачката, но само 44 отсто ги оствариле очекуваните приходи.Инвеститорите вчера ги разочараа и макроекономските податоци. Индустриската активност во централниот дел на САД во април ослабнала, додека индексот на водечки показатели, кој укажува на идната економска активност, падна прв пат во седум месеци.Со тоа е продолжен низот показатели кои укажуваат дека американската економија забавува, што лошо влијае на берзите. Цените на акциите од почетокот на годината силно растеа врз основа на надежите на инвеститорите дека  благодарение на поттикнувачките монетарни мерки, растот на економијата ќе забрза.
МакфаксЦените на акциите на Волстрит во четвртокот паднаа втор ден по ред, што е последица на слабите макроекономски податоци

Пронајдете не на следниве мрежи: