Цената на нафтата се доближи до 99 долари, по силни осцилации

Цената на нафтата се стабилизираше во четвртокот близу 99 долари по силните осцилации на светските берзи, поттикнати од загриженоста за снабдувањето и враќање на инвеститорите на пазарот по распродажбите кои беа оценети како претерани.

На лондонската берза цената на барел сурова нафта порасна за 1,20 долари, на 98,89 долари. Во текот на денот осцилираше помеѓу 96,75 и 99,10 долари. На американската берза се тргуваше за еден долар повисока цена, од 87,68 долари, а накратко потона и на само 85,61 долари.Во првата половина на неделата цената на нафтата падна на најниско ниво за девет месеци, со оглед дека инвеститорите ги загрижи неочекувано слабиот кинески економски раст.Потоа се вратија на берзите, заклучувајќи дека надолниот тренд подзапира.Дополнителна поддршка на цените им пружи и загриженоста за снабдување, откако Royal Duttch Schell вчера објави дека снабдувањето од Нигерија е намалено за 150.000 барели дневно поради поправка на нафтоводите Nembe Creek.Тони Махачек од Jeffries Bache предупредува дека сепак има простор за натамошен пад на цените на нафтата во наредните денови.„Се чини дека на техничка основа распродажбата на берзите донекаде беше претерана, но по консолидацијата на цените односот на понудата и побарувачката веќе нема да изгледа толку тесен, па би можеле да сведочиме за натамошен пад“, рече Махачек.
Макфакс
Цената на нафтата се стабилизираше во четвртокот близу 99 долари по силните осцилации на светс

Пронајдете не на следниве мрежи: