Прашања кои мора да си ги поставите пред да му кажете „ДА“

Доколку сакате да избегнете развод и да си овозможите долг и среќен брак, тогаш разговарајте со партнерот или партнерката за овие неколку прашања, кои се од суштинско значење!Луѓето кои се во брак, но и оние кои минале низ развод, сигурно ќе ви признаат дека посакуваат однапред да ги одговореле овие неколку прашања:
1. На кој начин си покажувате дека се цените и сакате? Функционира ли тој начин?
2. Предбрачен договор: Да или не?
3. Постои ли нешто повеќе од љубов? Погледнете кои други компоненти ве поврзуваат, освен љубовта. Љубовта е 100% потребна, но од голема важност се искреноста, почитта, прошката и довербата. Дали го имате тоа?
4. Дали вашиот иден сопруг или идна сопруга е ваш најдобар пријател? Личност на која и верувате најмногу од сите кои ги познавате? Ако не е, тогаш заборавете на бракот.
5. Дали сте сигурни дека не сакате да се венчате само затоа што сите се во брак и бидејќи ви изгледа забавно? Верувајте, разводот е потежок од откажувањето на венчавка.

6. Дали сте целосно задоволни со вашиот сексуален живот? Постои ли нешто што тој или таа го посакува, а не го добива?
7. Во случај на несакана бременост, што ќе правиме?

8. Ако некој од нас добие или даде отказ, што ќе направиме?
9. Кога ќе надојдат финансиски тешкотии, што ќе правиме?
10. Ако еден од нас биде неверен, што ќе се случи?
До еден збор, дефинирајте го бракот, секој посебно. На што се посветувате и што очекувате? Споредете ги очекувањата, па потоа кажете „Да!“Луѓето кои се во брак, но и оние кои минале низ развод, сигурно ќе ви признаат дека посакуваат однапред да ги одговореле овие неколку прашања:

Пронајдете не на следниве мрежи: