СТО ја снижи прогнозата за раст на светската трговија во 2013

Светската трговска размена ќе порасне во оваа години за 3,3 отсто, а не за 4,5 отсто како што беше претходно проценето, соопшти во средата Светската трговска организација (СТО), наведувајќи ја како причина тврдокорната економска слабост во Европа.Со ова СТО веќе по втор пат ја снижи прогнозата за оваа година. Во почетната прогноза се предвидуваше раст од 5,6 отсто.„Конечните податоци за 2012 години се прилично отрезнувачки. Нешто слично се очекува и годинава“, изјави директорот на СТО, Паскал Ламв.Во изминатата година светската трговија порасна за два отсто, значително побавно во однос на 2011 година, кога беше зголемена за 5,2 отсто.Подобрените изгледи во САД во 2013 година само делумно ќе ја надоместат продолжената слабост во Европската унија, чија економија според проценките на речиси сите релевантни институции во оваа година ќе стагнирала или благо ќе порасне, стои во извештајот на СТО.„Кинескиот раст би требало и натаму да биде посилен отколку во останатите водечки економии и ќе го амортизира успорувањето, но извозот и натаму ќе го ограничува слабата побарувачка во Европа“, се вели во соопштението.Притоа се изразува очекување дека во 2014 година трговијата ќе порасне за пет отсто.
МакфаксСветската трговска размена ќе порасне во оваа години за 3,3 отсто, а не за 4,5 отсто како што беше претходно проценето

Пронајдете не на следниве мрежи: