Порно актерка тврди: Болно е кога луѓето имаат премногу секс!

Американската медиумска куќа Netflix снимила документарец „Hot Girls Wanted“ кој ја покажува темната страна на работата: насилство, болести, некористење заштита, искористување….Американската медиумска куќа Netflix снимила документарец „Hot Girls Wanted“ кој говори за аматерската порнографија. Главните „актерки“ во документарецот се девојки стари помеѓу 18 и 24 години. Се работи за девојки кои штотуку завршиле училиште и својата среќа ја бараат во Лос Анџелес или Мајами.
Треса, Рејчел, Џејд, Kарли и Мишел велат дека саклаат да се „испробат во светот во кој сите ќе ги гледаат како преработено месо“. Во документарецот се открива дека најбараниот поим во порноиндустријата на интернет е „teen“ поради што продуцентите се повеќе бараат девојки стари 18 години, но кои изгледаат многу помлади. Истражувањата покажуваат дека 40 проценти од порноиндустријата покажува насилство над жените. Злоупотребувањето и присилниот орален секс се „омилени“  категории на интернет странирте и брза шанса некој да успе во порно индустријата. Така во една сцена фотографот и објаснува на Мишел дека во порноиндустријата не се рабопти за убаво лице или тело.

„Има толку многу убави девојки. Не се работи само за тоа некој да биде убав“, рекол фотографот. Момчето на Треса Кендал говори за проблемите со кои се среќава некој кој излегува со порноѕвезда.
„Повеќето мои пријатели мислат дека не би требало да излегувам со неа, но јас нејзе ја гледам како девојка која сака да успее во животот“.

„Девојките се телесно и психички скршени“
Карли признала дека нејзината работа баш и не е „нормална“.
„Не е добро за тебе толку да се сек*аш. Со толку различни луѓе. Тоа е болно, но тоа е мојата работа“, вели Карли која на 19 години морала да излечи циста на вагината која ја добила поради премногу секс и постојано туширање потоа. Џејд со години е во порно индустријата. Неколку пати се откажувала, но секогаш се варќала на сет. Вели дека иако често се прикажува гламурозната страна на порноиндустријата, во реалноста девојките се скршени телесно и социјално.
Често се расправа и за начините на заштита. Во Калифорнија е пропишано дека во порно индустријата мора да се користат кондоми. Во Мајами е пропишано дека актерите често мораат на контрола за да се тестираат за полови болести. Во документарецот девојките откриле дека некои актерки воопшто не користат заштита и дури земаат таблети за ден потоа кои доколку се земаат премногу често, можат да доведат до неплодност.
Агентот добива десет проценти од заработката
Актерите мораат сами да си ги плаќаат трошоците за тестовите, шминката, облеката, патувањата и станарината. Нивниот агент добива десет проценти од заработката. Кога ќе платат се, на актерките често не им остануваат многу пари.
Американската медиумска куќа Netflix снимила документарец „Hot Girls Wanted“ кој говори за аматерската порнографија. Главните „ак

Пронајдете не на следниве мрежи: