Совети како да не навлегувате подлабоко во кавгата!

Нема совршен пар и совршена врска во која нема расправии. Во ред е и кога ги има, но…држете се до овие совети за да не се каете понатаму за нешто што сте кажале, а не го мислите!1. Слушајте го партнерот
Пред да ја отворите устата, прво сослушајте што другиот има да ви каже. Не прекинувајте му ја мислата, бидејќи тоа ќе ви помогне вистински да погледнете од негова перспектива.
2. Никогаш не влегувајте во кавга ако пиете
Ако сакате за нешто да се расправате, зборувајте на трезно. Кога сте под дејство на алкохол, се кажуваат најмногу работи кои никој не ги мисли, а подоцна и никој не може да ги заборави.
3. Имајте докази
Мислите дека ве изневерува? Тогаш прво пронајдете доказ, во спротивно обидете се да разговарате по мирен пат.
4. Џвакајте гума за џвакање
Ако почнувате да навлегувате во кавга само земете една гума за џвакање и наместо да возвратите со гласен тон, вие мирно ќе ја џвакате мастиката. Еден од вас мора да попушти, зарем не?
5. Дајте си по некоја минута
Кога започнувате да се расправате, само тргнете се во друга соба и вдишете длабоко. Разбистрете ги мислите, пред да експлодирате.

6. Држете се до сегашноста
Најголемиот проблем во кавгите е тоа што луѓето се навраќаат на минатото. Кавгата држете ја на сегашниот проблем, а не на нешто што одамна поминало.
7. Избројте до 10, па и до 100 ако е потребно
Старото златно правило секогаш ќе ви помогне кавгата да не прерасне во хаос. Затворете ги очите избројте до 10 или до колку што ви е потребно и не дозволувајте да кажете нешто што не треба.
8. Зборувајте нежно
Ако зборовите кои ги кажувате во кавга се појавуваат на вашата кожа, размислете дали ќе беа убави? Контролирајте си го гласот и така ќе ги контролирате емоциите.
9. Разберете го/ја
Обидете да разберете зошто вашиот партнер или партнерка навлегува воопшто во кавга и што е тоа што му/и пречи. Дали навистина ги разбирате неговите/нејзините емоции и чувства?
10. Прошетајте
Понекогаш е подобро да излезете и да отидете сами на мала прошетка, отколку да кажете работи за кои подоцна ќе се каете. Не е лесно, но тоа ќе ви ја спаси врската.1. Слушајте го партнерот
Пред да ја отворите устата, прво сослушајте што другиот има да ви каже. Не прекинувајте му ја мис

Пронајдете не на следниве мрежи: