ЗОШТО ЛУЃЕТО ИЗНЕВЕРУВААТ: Главната причина ќе ве изненади

Неверството во врска е тоа што во главно го руши односот помеѓу двајца луѓе. Причините за тајна врска или сексуална авантура зад грбот на партнерот се навистина различни, но новата студија откри шокантен податок кога станува збор за изневерувањето.Имено, утврдено е дека и мажите и жените почесто изневеруваат доколку нивниот партнер повеќе заработува и доколку е на подобра работна позиција.
Ова излезе дека е главна причина во случаите кога мажот ја издржува жената и обратно, а експертите веруваат дека причина за тоа е чувството на помала вредност, кои луѓето се обидуваат да ја отстранат со изневерување, бидејќи така се чувствуваат надмоќни.
„Никој не сака да биде во врска во која поради партнерот се чувствува како губитник. Сите сакаат еднаквост во емотивните врски“, истакнува социологот Кристин Минх.
Таа објаснува и дека неверството во тој случај е начин луѓето да се дистанцираат од партнерот кој прави да се чувствуваат загрозено или помалку вредно.
Совет од Кристин Минх: „Најважно е да одберете партнер кој нема да се чувствува загрозено поради вашиот успех. Исто така е важно и вие во партнеровиот успех да не гледате ништо лошо, туку да го поддржувате и да се радувате за него“.Имено, утврдено е дека и мажите и жените почесто изневеруваат доколку нивниот партнер повеќе заработува и доколку е на подобра работна позиција.

Пронајдете не на следниве мрежи: