Што забележуваат машките за време на сексот?

Додека жените се трудат изгледаат беспрекорно, мозокот на мажите функционира поинаку и тие забележуваат нешта кои на жените ниту на крај памет не би им паднале. Доколку сакате да доживеете незаборавно сексуално искуство, насочете го вашето внимание кон овие детали кои се првите нешта кои секој маж ги забележува кај жените за време на сексот.Вашата иницијатива
Не постои ништо поеротично од жена која се чувствува добро во своето тело. Тоа е природна мамка за мажите на која тие едноставно не можат да одолеат. Освен што ги прави жените посексапилни и позаводливи во нивните очи, тие ја сметаат опуштеноста за време на сексот како и преземањето иницијатива за силна желба да бидете со нив и да уживате во нивното друштво. 
Вашите движења
Движењата се едно од најсилните женски оружја, започнувајќи од самото одење, флертување преку говорот на телото, однесувањето во друштвото, па сè до движењата во креветот. Женското тело само по себе им е многу привлечно на момците, но кога се вклучуваат и секси движења кои откриваат страст и заведување, ниту еден маж во тој момент нема да може да остане рамнодушен.
Вашите погледи
Со погледите за време на бакнежите, како и со погледите насочени кон неговото голо тело вие инстантно ќе ја зголемите неговата страст и желба за сексуален однос.
Вашите воздишки
За време на сексуалниот однос, она што открива вистинско задоволство се сензуалните воздишки на жените кои можат силно да влијаат врз возбудата на мажот. Со помош на овие воздишки тие знаат кога се на вистинскиот пат и на нив гледаат како на мали докази кои им укажуваат дека уживате во нивните допири и бакнежи. Вашата иницијатива
Не постои ништо поеротично од жена која се чувствува добро во своето тело. Тоа е природна мамка за мажи

Пронајдете не на следниве мрежи: