5 најдобри техники за заведување на еден маж

Дали некогаш сте посакале да заведете маж по кој веќе некое време копнеете, но се плашите да не излезете чудни? Или пак, можеби се плашите да не бидете одбиени? Не сте единствени! Погледнете ги овие 5 одлични совети кои ќе ви помогнат брзо да ги подобрите вашите заводнички вештини:1. Насмевнете се и правете контакт со очите
На овој начин ќе изгледате поотворени и мажите ќе почувствуваат поголема храброст за да ви пријдат. Насмевката ќе предизвика да делувате многу попристапно, но истовремено и поатрактивно. Не можете да погрешите ако постојано сте насмеани.
2. Бидете пријателски настроени
Доколку сте зборлести, зошто не се обидете да бидете пријателски настроени и љубезни дури и кога сте во маркет? Луѓето на тој начин полесно ќе ве забележуваат и ќе сакаат да разговараат со вас, па токму така и ќе си ја отворите вратата кон запознавање многу нови луѓе. А што повеќе луѓе знаете, толку поголеми се шансите да го најдете „оној вистинскиот“.
3. Опуштете се
Флертувањето не треба да биде ништо повеќе од забавување и опуштање. На овој начин вашата самодоверба ќе порасне, вие ќе станете многу попристапни и посигурни во себе. Не заборавајте дека мажите секогаш се привлечени од атрактивни жени, секогаш насмеани, кои сјаат со голема самодоверба.
4. Скршете го мразот
Бидете храбри и кажете нешто први. Многу мажи се чувствуваат посебно кога жената ќе го започне разговорот. На тој начин вие ќе му ја олесните работата, но и ќе можете да започнете тема на разговор за која сте сигурни дека можете да зборувате.
5. Постојано обрнувајте внимание на вашето однесување
Мажите многу често се прашуваат зошто жените кои ги сретнуваат во секојдневниот живот се толку нељубезни. Не сте свесни за тоа? Веројатно не внимавате како се однесувате додека ги извршувате вашите секојдневни обврски. Доколку сте во контакт со луѓе, без разлика на вашата работа, обидете се да си давате од 5 до 10 минути само за разговор и поврзување со луѓето.1. Насмевнете се и правете контакт со очите
На овој начин ќе изгледате поотворени и мажите ќе почувствуваат поголема храбр

Пронајдете не на следниве мрежи: