СЕКС ЗА ВРЕМЕ НА МЕНСТРУАЛНИОТ ЦИКЛУС – ДА ИЛИ НЕ?

Причината поради која се избегнува сексот за време на менструацијата е гадливоста. Но што ако не сте гадливи? Дали тогаш би било во ред? Прашавме гинеколог и еве што ни одговори!
 На интернет ќе пронајдете многу текстови кои ќе ви препорачаат секс за време на менструалниот циклус и ќе ги истакнат неговите предности. Сепак, докторите тврдат дека тоа не треба да го практикувате.
 „Секако дека не треба да имате однос за време на циклусот, поради тоа што pH вредноста на вагината е променета поради друга pH вредност во крвта. Цервикалниот канал е отворен, па се овозможува полесен допир со бактерии и други инфективни агенси на матката и самиот абдомен“ – изјавуваат гинеколозите.

Секако, сами ќе одлучите дали сте „за“ или „против“, но ако планирате тоа да го направите, задолжително користете заштита бидејќи ХИВ и некои други сексуално преносливи болести полесно се пренесуваат за време на циклусот (од мажи на жени и обратно).
 Уште една заблуда е дека не може да се затрудни за време на менструацијата. Тоа не е постојано, но се случува жената да овулира порано. Тука е и фактот дека сперматозоидот може да преживее во жената и до седум дена. Ризикот е мал, но се случува.На интернет ќе пронајдете многу текстови кои ќе ви препорачаат секс за време на менструалниот циклус и ќе ги истакнат неговите предности. Сепак, до

Пронајдете не на следниве мрежи: