За да доживеете експлозија на љубов и страст, треба максимално да му се препуштите на вашиот партнер. Нормално тоа не е секогаш толку лесно и едноставно. Поради тоа одвоивме неколку трикови кои ќе ви помогнат да се задоволите себе, но и саканата личност.Познатиот американски експерт Исидора Алман, нуди 9 совети кои можат да ви помогнат да го подобрите својот сексуален живот.
1. Слобода
Потполно сексуално ослободување подразбира паровите да не мислат на тоа „што и како би требало“ нешто да прават, туку да се насочат кон тоа што на нив им годи. Споредување на било кој тип на пар и искуствата со други парови не е потребно, а може да биде и контрапродуктивно.
2. Препуштање
Тотално сексуално задоволство ќе постигнете само ако целосно му се препуштите на партнерот. Ако сте оптоварени со тоа само вас да ви биде убаво, никогаш нема да ја остварите онаа потребна врска со партнерот која води до врвно задоволство.
3. Великодушност
Како и на другите полиња, само оние кои се подготвени да дадат и делат со другите можат да го добијат најдоброто во животот. Во љубовта задоволството на партнерот и слатко исто колку и сопственото, доколку не е така, тогаш не постои љубов.
4. Отсуство на срам
Ако сте во состојба да го кажете тоа што мислите, а да не го повредите оној другиот во голема предност сте. Тоа е многу важно во односот со луѓето, а особено во спална соба. Инхибициите се природен израз на патријархално воспитување, но во сексот ќе треба да ги надминете. На крајот на краиштата тука сте само вие двајца и се што ќе кажете, направите или посакате останува помеѓу вас.
5. Стручна помош
Многу е важна и подготвеноста да се побара помош. Понекогаш паровите имаат проблеми во сексот кои не можат само да ги решат, така да најдобро е да се побара помош од терапевт.
6. Добро здравје
Здравјето е многу важно за сексуалниот живот. Кога човек добро се чувствува во можност е секое искуство поинтензивно да го доживее. Здравите навики ги зголемуваат шансите за подобро здравје…и добар секс.
7. Широка визија
Предрасудите ги ограничуваат луѓето. Заборавете на тоа дека машкото треба да го направи првиот чекор. Доколку не ви оди тоа од рака, обидете се да го усвоите следниов став: колку вашите сфаќања се потесни, толку вашата сексуалност ќе биде посиромашна.
8. Сензуалност
Сексот не се сведува само на оргазам и гениталии. Кога партнерите ќе се фокусираат на милување и бакнување, сексот е многу повозбудлив.
9. Хумор
Се е полесно ако сексот не се сфаќа премногу сериозно. Наместо на сексот да му пристапувате како на некоја важна задача, сите непријатни ситуации свртете ги на шега, бидејќи сексот е најдобра забава која постои. Познатиот американски експерт Исидора Алман, нуди 9 совети кои можат да ви помогнат да го подобрите својот сексуален живот.
1. Слоб



