5 работи кои твоето момче не мора да ги знае!

Да кажам или да премолчам? Прашање кое секогаш е тешко кога се во прашање проблемите во врската, но понекогаш премногу откривање воедно е причина за проблем. Некои работи можете да му ги кажете, тоа е сигурно, но ова не е таков список. Ова е список на работи кои можеш слободно да ги премолчиш, ако поради ништо друго, поради мирот во врската.Твоите луди приказни за сексот
Оној пат кога имаше секс со поранешното момче во мрачната улица зад сопствената зграда? Супер приказна за кафе со пријателките, но не и за твоето момче. Секако дека тој нема да помисли дека пред него си била девица, но доколку те праша нешто, немој ништо да велиш. Ни ти не сакаш да ги слушаш неговите секси авантури.
Глупави семејни драми
Секако дека ќе му зборуваш за секакви работи, но кога се работи за ситни расправии, подобро е да премолчиш. Зошто да го заморуваш момчето со работи кои не се поврзани со него и на кои не може да влијае?
Случаен бакнеж со пријателот
На секому може да му се случи- забава, неколку пијачки повеќе, можеш да го бакнеш пријателот кој дефинитивно е само пријател. Доколку му кажеш на момчето дека си се бакнала со пријателот, ќе мораш да бираш помеѓу нив двајца, и само ќе влезеш во проблеми.

 
Трачеви за неговите пријатели
Можеш да бидеш потполно разочарана од неговите пријатели, но тоа воопшто не значи дека смееш да ги оговараш. Доколку не ти се допаѓаат неговите пријатели, пробај да го премолчиш тоа – момчето сигурно нема да биде воодушевено доколку му го кажеш тоа.

Твојата историја во изневерување
Можеби еднаш си го изневерила момчето. Можеби и два пати. Можеби и повеќе од тоа. Во секој случај, склоноста кон изневерување не е нешто со што би требало да се фалиш. Доколку повеќе немаш намера да изневеруваш, сосема е доволно да почнеш така да се однесуваш, и да го оставиш она што поминало.Твоите луди приказни за сексот
Оној пат кога имаше секс со поранешното момче во мрачната улица зад сопствената зграда? Суп

Пронајдете не на следниве мрежи: