7 знаци кои покажуваат дека сте го сретнале ВИСТИНСКИОТ!

… а не уште еден изгубен случај!Дали и тебе ти се чини дека запознавањето нормален дечко е невозможна мисија?
Баш таквите се како некоја “врста мажи на изумирање”, едноставно ги снемува. И колку и да се трудите да најдете некој таков, пак ништо. Исто како кога барате удобни чевли на многу висока потпетица. Тоа како да не постои! А мажи кои не заслужуваат ни 5 минути од вашето време ги има колку сакаш, дури премногу!
Па и во ситуација да запознаеме некој таков, не ни е верно. Односно чекаме момент кога “принцот на белиот коњ” ќе го покаже вистинското лице. Бидејќи добар дечко не постои, нели? А и да постои, шансите дека е геј се уште поголеми. Но, што ако “принцот” стварно е добар дечко. Исклучок. Премија. Џентлмен. Овој маж никако не смеете да си дозволите да го пропуштите.
За да бидеме сигурни дека тоа нема да ви се случи ви го претставуваме водичот од 7 сигнали кои ќе ви потврдат дека сте запознале супер дечко, а некој идиот.
Кога постојано ти поставува прашања, а не само да одговара на нив
Дечкото кој ветува и кого ти вистински го интересираш нема да молчи во твое друштво, туку ќе ти поставува прашања за што повеќе да те запознае. Нема да поставува чудни прашања од кои може да се чувствуваш непријатно или со разговорот само да те однесе во кревет. И дефинитивно доказ дека пред тебе е дечко со кого вреди да го поминуваш времето е кога на следниот состанок ќе сватиш дека тој вистински те слушал.
Додека зборувате постојано го спомнува твоето име
Денес е реткост било кој да ти се обраќа по име. Или те викаат некако по надимак, а и тогаш кога ќе го изговорат името толку е тивко, едвај го слушаш. Обиди се да регистрираш како тој го изговара твоето име. Запамти, во светот во кој еден со друг се нарекуваат “душо”, “маче”, “срце”, најеротски е кога некој ќе ти се обрати по име.

Кога е секогаш тука за тебе
Метафорички кажано, вратата за тебе му е секогаш отоврена. Без разлика дали ти е потребен муабет, или сакаш да одите на вечера, ќе знаеш дека тој е тој, и кога што и да ти треба тука е за тебе. Особено кога ќе му се отвориш. Ако веднаш потоа почне да те избегнува и да го нема да ти се јави со денови, тогаш значи дека не вреди да потрошиш со него ни 5 минути повеќе, но ако по емотивното отворање тој и понатака е тука за тебе, нема дилема дека е вистинскиот.
Кога се интересира за твоето семејство, а не те крие од своето
Никој не очекува дека веднаш треба да го запознаеш со твоите, или да му раскажеш сѐ за семејното стебло. Од тоа се плашат многу мажи на почетокот. Доволно е да спомнеш фамилијарен ручек и ете го веќе се крие зад аголот и мисли како да побегне. Добриот, за разлика од овие што одма ќе избегаат може да покаже нервоза или трема бидејќи му е важно каков впечаток ќе остави кај твоите родители, сестра, брат… А исто така сака да те запознае со неговото семејство.
Те држи фокусирана, мотивирана и никогаш не се “зеза” со тебе
Добриот дечко секогаш ги поттикнува твоите квалитети, а истото ќе го бара за возврат. Тој ќе биде тука за тебе ако паднеш во депресија заради работата, или кога некој проект нема да ти успее. Тој ќе биде ветерот во твоите плеќи за да ти помгне да ги оствариш твоите сништа. Нема подобар дечко он оној кој ќе ги прифати твоите лоши страни и самодеструктивни моменти, а сепак да застане покрај тебе.
Знае кога сакаш да бидеш сама
Често и кога ќе кажеме дека сме добро, не сме. Добриот дечко ќе знае тоа да го препознае, или ќе ти понуди помош, разговор, па и ако треба ќе ти даде време да бидеш сама и да искулираш. Да се разбереме, не е некој што ќе сака да се повлече кога не ти е добро, туку ќе направи сѐ за да ти помогне, па ако треба ќе те остави сама, ако баш тоа ти треба.
Инсистира некои работи да ги правите и без него
Колку пати се имаш откажано од твојот живот, твоето друшто, а од твојот дечко да направиш твој свет? Сто пати? Добриот дечко е свесен дека и пред него си имала живот, другари со кои си се дружела и нема ни на памет да му падне да те натера сето тоа треба да го оставиш заради него. Тој не е некој што се плаши од твојата кариера, твоите пријатели, твоето хоби… Баш напротив, ужива во тоа и се труди ништо од горенаведеното да не трпи заради него.Дали и тебе ти се чини дека запознавањето нормален дечко е невозможна мисија?
Баш таквите се како некоја “врста мажи на изумирање&rdq

Пронајдете не на следниве мрежи: