Подгответе се за РАСКИНУВАЊЕ ако забележеите една од овие 7 работи во вашата врска!

Се расправате за се и сешто, нема повеќе интимност помеѓу вас, се ви смета кај него? Ова се само дел од знаците дека тој повеќе не е за вас!1. Се расправате за се
Некогаш сте се расправале околу важни работи а сега се карате за се. Ова првото е сосема нормално. Но второто е знак дека нешто дефинитивно не е во ред.
2. Останувате што подолго на работа
Суштината на заљубеноста е секогаш да барате повеќе. Ако веќе не чувствувате желба за што побрзо да си дојдете дома, треба да се запрашате зошто е тоа така.
3.Се што прави тој тебе ти смета
Кога сме лудо заљубени не обрнуваме внимание на маните на партнерот иако тие уште од самиот почеток биле таму. Ако одеднаш неговото оставање на чорапите на подот и слично престане да ви биле слатко, тоа би можело да биде знак дека почнувате да се оддалечувате.
4. Нема секс
Сосема е нормално сексуалната желба со текот на времето да згасне но ако постојано барате изговори само за да не бидете интимни тоа е сосема друга приказна.

5. Често дружење со пријателките
Кога ќе се вратите во минатото и на вашиот почеток со него , доста е веројатно дека дека во тие моменти сигурно сте го занемарувале женското дружење, барем малку. Но, сега плочата се променила и едвај чекате такви вечери, а тоа значи и пауза од партнерот.
6. Не сакате да се жртвувате
Ручекот кај неговите, вечерата со неговиот шеф, дружењето со неговите пријатели… Ни претходно можеби не ви се одело на таквите случувања, но сте оделе поради него. Но сега тие работи повеќе не ви ни паѓаат на памет.
7. Флерт
Претходно не ви било потребно никакво внимание освен неговото. Но сега сето тоа се променило. Ако станавте заинтересирана за други или ви годи некакво флертување со друга личност тоа значи дека не сте задоволни со она што веќе го имате. 1. Се расправате за се
Некогаш сте се расправале околу важни работи а сега се карате за се. Ова првото е сосема нормално.

Пронајдете не на следниве мрежи: