Еве како да пресметате кои денови ви се плодни!

Плодните денови се оние во кои жената може да забремени. Дознајте на кој начин да ги пресметате плодните денови во зависност од должината на траењето на циклусот…За плоден период обично се сметаат четирите денови пред овулацијата и трите денови по овулацијата, иако најплодни денови се самиот ден на овулацијата, како и денот пред и денот после.
Повеќето бремености се резултат на сексуалниот однос кој се случил три дена пред, на денот или ден по овулацијата. Сперматозоидите во телото можат да преживеат 3-5 денови, а јајце-клетките до 24 часа, затоа плодните денови траат и по седум денови.
Ако сметате од првиот ден на менструацијата, под претпоставка дека имате уреден цилус кој трае 28 денови, плодни денови ви се 11., 12., 13., 14., 15., 16. и 17. ден. Со тоа што 13., 14. и 15. се најплодни.

Ако жената има уредни менструални циклуси (растојание од 1.ден на менструацијата до 1. ден на наредната), со траење од 26 до 34 денови, тогаш плодните денови можеме да ги пресметаме на следниов начин:
Од најкраткиот забележан циклус се одбива 18 за да се добие првиот плоден ден од циклусот.
Од најдолгиот забележан циклус се одбива 11 за да се добие последниот плоден ден од циклусот.
Во правилниот 28-дневен циклус плодни денови се од 10. до 17.
28 – 18 = 10. ден (почеток на плодните денови)28 – 11 = 17. ден (завршеток на плодните денови)
Жената која има циклуси од 28 до 32 денови. Значи:28 – 18 = 10, 32 – 11 = 21, па плодните денови теоретски паѓаат од 10. до 21. ден.За плоден период обично се сметаат четирите денови пред овулацијата и трите денови по овулацијата, иако најплодни денови се самиот ден на овулација

Пронајдете не на следниве мрежи: