Препознајте го говорот на телото

Дознајте што се крие зад неговите потези 
1. Свртен е со неговите гради и рамена кон вас, иако гледа во нешто друго
Доколку некое момче го  сврти својот горен дел од телото кон нешто, тоа е она што најмногу го привлекува.
2. Се смее со пола уста
Голема е веројатноста ова момче да сака само флерт без обврски. “Ваквата насмевка е индикација дека тој не е искрен со тебе“ објаснува експертот за говор на телото Patti Wood. “Тоа е гест кој претставува поделено лице: Секоја страна од неговото лице кажува различна приказна“.
3. Ги подигнува веѓите
Кога мажот гледа нешто што го интересира, автоматски ги подигнува и ги спушта веѓите, притоа брчкајќи го челото.

 
4. Го допира каишот или џебот од фармерките
Ако го прави ова, сака да го привлече вашето внимание, претпоставувате каде.
5. Ви упатува долг замрзнат поглед
Иако можеби изгледа како да е обземен од вас, постои можност да ве изигра. Интензивното гледање во очи подолго од 5 секунди не е природно, па поради тоа може ја користи оваа тактика за да ве одведе во кревет.
6. Седи или стои со прстите на стапалата свртени едни кон други
Ова значи дека се чувствува несигурно. Заинтересиран е, но, му треба потврда дека интерес постои и од ваша страна.
7. Има резервирана насмевка со свиткани краеви на усните
Бидете сигурни дека му се допаѓате, но не сака да ви се отвори премногу и пребрзо. Најверојатно е малку срамежлив (и несигурен) за да ги искаже своите чувства.

 
8. Ја навалува главата малку на страна кога вашите очи ќе се сретнат
Ова е несвесен сигнал кој момчето го прави кога е со девојка за која има чувства.
9. Се насмевнува со широка насмевка, каде предните заби едвај се гледаат
Овој изглед е љубезен сигнал дека ужива во вашето друштво, но и дека онаа романтична искра недостасува. Секако, ова не значи дека неговите чувства не може да се развијат.
10. Има ѓаволска насмевка при што ја крева десната или левата страна од неговата затворена уста
Мора да се потрудите за да го освоите. Момче со ваква насмевка сака да ве предизвика, па “фатете го ако можете“.
11. Стои со раширени нозе
Момчето кое стои со карлицата свртена кон вас всушност кажува дека е заинтересиран за вас. Тоа е примарен, биолошки инстинкт и повеќето момци не се свесни дека го прават.
  
1. Свртен е со неговите гради и рамена кон вас, иако гледа во нешто друго
Доколку некое момче го  сврт

Пронајдете не на следниве мрежи: