Девојки, во врска треба да се однесувате баш вака!

Тајната за среќна врска лежи во самите вас. Не ги барајте причините за неуспех само во партнерот. Потрудете се да ги следите овие пет правила за да ја одржите вашата врска на здрави нозе.1. Препуштете се
Убаво е да се сонува за долга и незаборавна врска како од филмовите. Но, верувајте тоа нема да ви помогне да го доживеете совршенството кое го барате. Едноставно, оставете ги работите да течат и сé ќе си дојде на свое место. Запознајте се меѓу себе, уживајте во заедничите моменти и настојувајте првите неколку состаноци да бидат опуштени и нефромални. Тоа е најдобриот начин за да го запознаете партнерот во најдобро светло.
2. Поставете ги овие прашања
Не на вашиот партнер, туку на самите себе си. Од одговорите на овие прашања зависи во која насока ќе се движи врската.
Дали ве почитува?
Дали убаво се чувствувате во негово друштво?
Дали е добра личност?
3. Не барајте совети од вашите пријатели
Пријателите можат само да ви ја убијат врската. Не сите, но сепак нивните совети можат да бидат искажани од различни побуди. Можат да ви дадат лош совет само поради тоа што ви завидуваат на прексрасната врска која ја имате. Или пак, не се толку заинтересирани да ви помогнат, па можат да ви дадат некој брз совет само за да не им додевате повеќе со вашите проблеми. Како и да е, потпрете се на вашата интуиција и на она што го чувствувате во моментот, а советите на пријателите нека не бидат вашата конечна одлука во врска со вашата врска.
4. Бидете своја
Сигурно повеќе сакате да бидте сакани поради тоа што навистина сте, отколку поради она што вашиот партенр сака да бидете. Дозволете му да се заљуби во вистинската вие. Само така вашата врска ќе изгради цврст темел. Не чекајте сé до бракот па да ги разоткритете сите карти. Тоа нема да ви донесе успех во никој случај. Здрава врска е онаа врска во која и двајцата партнери имаа слобода да бидат она што се.
5. Забавувајте се
Поминете заеднички моменти исполнети со забава. Уживајте и релаксирајте се. Не грижете се за секојденвните обврски кога сте со него. Заборавете на телефонски повици и електронската пошта. Не плашете се да направите нешто невообичаено и лудо. Ризикувајте, забавувајте се и уживајте во заедничките моменти. Од вас зависи во која насока ќе се движи вашата врска.
М.М.1. Препуштете се
Убаво е да се сонува за долга и незаборавна врска како од филмовите. Но, вер

Пронајдете не на следниве мрежи: