Дали се заљубува нашето срце, или нашиот мозок?

Процесот на заљубување кај некои личност трае помалку од една секунда. Всушност, потребна е само петина од секундата за да се почувствувате како да ве погодила Аморова стрела.Студиите покажаа дека процесот на заљубување е сличен со оној кога организмот користи кокаин.
Кога личноста ќе се заљуби, 12 дела од мозокот започнуваат да работат интензивно и поврзано со што во организмот се произведува допамин, адреналин, окситоцин и вазопресин, кои се ослободуваат во исто време. Овие хемиски супстанци се одговорни за оној будалест и збунет однос.
Овие откритија поставија и огромно прашање, дали се заљубува нашето срце, или пак нашиот мозок?
Спрема мислењата на истражувачите од Сиракјуз универзитетот, заљубувањето е работа на мозокот, а не на срцето. Утврдија така што направија магнетна резонанса на мозокот, се со цел да утврдат како се испуштаат суптаниците кога личност се заљубува.
Според ова заклучивме дека срцето само го поврзуваме со заљубувањето, а процесот “Пеперутки во стомак” е само последица на испуштањето на адреналин.
Извор: think.mkСтудиите покажаа дека процесот на заљубување е сличен со оној кога организмот користи кокаин.

Пронајдете не на следниве мрежи: