Дали си го сакате вашето тело?

Сексолозите ширум светот сеуште истражуваат дали и колку луѓето си го сакаат своето тело. Според последните истражувања, голем дел од мажите и жените не уживаат во своето тело, а повеќе од 80 отсто од жените едноставно не се задоволни од својот изглед и не се чувствуваат слободно и среќно во своето тело. 
„Сакајте се себе, своето тело и не обрнувајте внимание на недостатоците на вашата фигура“, советуваат сексолозите. Само на овој начин ќе бидете сигурни, ќе имате висока самодоверба за вашиот изглед и ќе ги постигнете своите цели.
Според истражувањата, главната причина за незадоволството на оние од понежниот пол со нивната фигура е наметнувањето на изгледот на манекенките и фото-моделите како совршен изглед за телото на една жена. 
Статистички гледано околку 50 отсто од жените сонуваат да имаат тело како на оние од модните писти. Само 2 отсто од девојките може да се пофалат дека уживаат во телото кое го имаат и се чувствуваат сигурно. 
Постојат два начина да престанете да се обвинувате дека сте дебели и имате некој недостатог на телото. Прво е да ја фрлите онаа гардароба која ви е веќе тесна и се чувствувате стегнато во неа. Втора работа е да купите нова облека која ќе ги оцртува деловите на телото коеи вие ги сакате. 
Едноставно престанете да се жалите за преумерните килограми, почнете да работите на себе и чувствувајте се сигурно и среќно во сопственото тело. Според последните истражувања, голем дел од мажите и жените не уживаат во своето тело, а повеќе од 80 отсто од жените едноставно не се задоволни од

Пронајдете не на следниве мрежи: