Знаете ли дека не постои идеален маж?

Сеуште не сте го пронашле совршениот маж, но мислите дека принцот на белиот коњ е зад аголот? Престанете да чекате и намалете ги очекувањата затоа што таков не постои – и мажите се само луѓе со недостатоци и доблести.
Очајна потрага по човекот од вашите соништа
Можеби за сè се виновни бајките како Пепелашка или Заспаната убавица или романтичните филмови со среќен крај, но сонот за совршен маж длабоко ги пуштил своите корени во потсвеста на секоја жена. Не е важно колку години имаат,  повеќето жени имаат идеал за тоа како нејзиниот маж треба да изгледа и како тие треба да се однесуваат.

Всушност, многу жени посетуваат советници за решавање на нивните проблеми во врските, а на крајот ќе сфатат дека за се се виновни нивните нереални очекувања и соништа на г-дин Совршен. Психологот  Jennifer Taitz од Women’s Health, објаснува како дури ни во денешно време не престануваат приказните за совршен маж, само што улогата на Пепелашка ја замени Бела Свон која ја пронајде љубовта во вампирот Едвард. Жените под надворешно влијание, на крајот не бараат личност која што им одговара, туку очекуваат совршен маж како на филм, книга или бајка.
Може и подобро
Поради сите овие приказни и романтични филмови, жените понекогаш мислат дека се согласиле на врската бидејќи не дошло ништо подобро, дури и кога тоа не е вистина. А сето тоа е благодарение на прекрасните актери, спортисти и други принцови кои ги има на екранот или на насловните страни на списанијата. Ако во вашиот стомак не прелетаат пеперутки секој пат кога ќе го видите вашиот партнер, мислите дека сте можеле и подобро.
На крајот, жените  бараат нереална личност која би била совршена за нив и сите мали недостатоци ги претвораат во големи проблеми, заборавајќи дека мажите се луѓе од крв и месо.

Дополнителните проблеми како што се социјалните мрежи и интернетот дури повеќе ја испреплетуваат целата ситуација, бидејќи жените секогаш мислат дека виделе некој подобар  потенцијален сопруг и татко за нивните деца во иднина.
Господинот Вистински наспроти Господинот Реален
Г-дин Вистински е всушност само изговор за една жена да биде целосно искрена и отворена во врската со вистинскиот човек, вели психологот и советник Susan Kolod. Врските се понекогаш страшни, полни со проблеми и компромиси, а со Г-дин Вистински во нашите умови се е совршено. Во реалниот живот, очекувањето на совршениот маж е идеален изговор за проблемите во постоечката врска.

Поентата  не е жената да остане несреќна во врска која не функционира, туку да препознае кога нашла личност која целосно и одговара. За квалитетна врска, важно е да се најде личност која има исти ставови и вредности на животот. Дури и ако сè е совршено во тој поглед, треба да се прифати дека секоја врска има проблеми и кризи и дека ниту Господинот Вистински не би се согласувал секогаш со вас.Сеуште не сте го пронашле совршениот маж, но мислите дека принцот на белиот коњ е зад аголот? Престанете да чекате и н

Пронајдете не на следниве мрежи: