Јавните прекини веќе не се резервирани само за познатите холивудски парови, бидејќи на социјалните мрежи и ние обичните смртници знаеме како е кога прекинот на нашата врска ќе стане “сечија работа”.
Ретко кој пар во денешнината не ја споделува врската со пријателите на социјалните мрежи. За време на заедничките моменти се делат срциња на ѕидот, песни, интерни шеги, слики и многу повеќе. И тогаш прекинувате. И можеби не се одлучивте за опцијата да шетате наоколу и да се жалите на секого, но верувајте дека сите забележале дека вашиот живот претрпел промени.
Ќе ги оставиме настрана оние јасни знаци дека вашата врска дошла до крај, како што се промена на статусот од „во врска ” во „слободни”. Бевме на кафе со момчиња, кои што тврдат дека од профилите на жените и тоа како се гледа низ што поминуваат, без разлика дали тоа ви се допаѓа или не.
Број еден е дефинитивно профилната слика. Претходно, тоа беше слика во која вие и тој се бакнувате. Сега сте вие и пријателките во најдобро издание како лудо се забавувате. Општо земено, во овој период, се зголемува бројот на слики кои се објавени, со порака: „Јас сум повторно на пазарот”, но не за да гледаме на жените како на потрошна роба. Неговите слики евентуално остануваат во еден од албумите. Слично е и со насловната слика, кој обично содржи цитати од кои можете лесно да го прочитате она што му се случува, и е апсолутен Балашевиќ рекордер.
Признаваме дека е тешко да се преживеат овие современи прекини. Но пред нешто да објавите и споделите со вашите „1000 “пријатели”, сетете се дека нема да ви биде ништо полесно кога ќе почнат приказни и шпекулации кога, со кого, кој, зошто и типичните убедувања дека сигурно ќе се смирите, затоа што сте биле совршен пар . Земете си време за себе, а поддршката и утехата побарајте ја кај пријателките, а не во лајковите и коментарите. Еден ден повторно ќе биде се како што треба.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Јавните прекини веќе не се резервирани само за познатите холивудски парови, бидејќи на социјалните мрежи и ние обичнит