Водич за мастурбација

Мастурбацијата можеби нема најдобра репутација, но тоа е одличен начин да дознаете повеќе за вашата сексуалност. Тоа е идеален начин да дознаете што ви се допаѓа, што не ви се допаѓа и она што ве возбудува. Да ви помогнеме во тоа, ви нудиме некои совети од книгата  „Целосен Водич за преземање грижа за вашиот сексуалност”
Летајте соло
Најдете време кога сте сами дома и никој не ви пречи. Исклучете го телевизорот и намалете го тонот на мобилниот телефон. Направете го она што нормално го правите за да се релаксирате. Топла бања, туш, осветлени свеќи, опуштена музика сигурно може да ви помогне во тоа. Кога сте подготвени, легнете и обидете се да се фокусирате на лесно дишење.
Допир на пеперутки
Допирајте го лицето најнежно што можете. Милувајте ги образите, поминувајте со прстите низ челото, слепоочниците и нежно масирајте го скалпот. Бидете сигурни дека имате доволно време, да обрнете внимание на дишењето и чувствувајте го секој допир.
Масажа
Цврсто допирајте ги дланките и рацете, како и пределот зад вратот. Забелжувате ли некаква укоченост во вашите мускули? Посветете повеќе време на овие области, тријте ги, милувајте ги и стистајте ги мускули
Време за разиграност
Сега кога сте опуштени, движите ги рацете кон градите. Милувајте ги со вашите раце, масирајте ги и играјте си со нив. Нежно допирајте ги брадавиците. Можете нежно да ги штипкате или повлечете ги, ако ви одговара.
Патот према долу…
Спуштајте ја раката низ телото надолу, масирајте го стомакот, колковите и бутовите. Земете си време колку што ви е потребно и полека милувајте го секој дел од вашето тело, водејќи сметка на дишењето.
И … назад према горе
Кога сте подготвени, ставете ги двете раце на вагината и со нежен притисок движете ги вашите раце во круг. Нежно масирајте додека не почувствувате дека сте спремни за поголем притисок.
Забрзување
Ставете ја вашата рака, така што ќе можете да го допрете вашиот клиторис со палецот и показалецот. Потоа милувајте се по целата должина на клиторисот со бавно движење нагоре и надолу. Менувајте ја брзината и притисокот како што ви одговара.
Користете ги двете раце
Додека го масирате клиторисот со едната рака, со другата истражувајте ја внатрешноста. Ставете го прстот во вагината 3-4 см и движете како што ви одговара. Експериментирајте со брзината и интензитет се додека не почувствувате дека ве преплавува топлина.
Нека говори телото
Додека се истражувате себеси, вие не мора само да лежите мирно. Стискјте ги бутовите, засилувајте го притисокот, нишајте ги колковите напред и назад. Стегнете ги мускулите и забрзувајте го темпото на дишењето.
Уживајте
Сето останато зависи од вас! Експериментирате со јачината на притисокот, брзината, допирот. Опуштете се и уживајте!
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Мастурбацијата можеби нема најдобра репутација, но тоа е одличен начин да дознаете повеќе за вашата сексуалност.

Пронајдете не на следниве мрежи: